29/05/2008
Никола Груевски, актуелниот премиер, најверојатно ќе ја предводи и следната влада на Македонија. Анкетите покажуваат дека неговата централно-десничарска партија е главен фаворит на парламентарните избори в недела.
(ДПА, Ројтерс, Макфакс - 28/05/08; Балкан инсајт -- 26/05/08 - 28/05/08; Aнгус реид глобал монитор)
![]() Поддржувачите на здружената опозициска Коалиција за Европа Сонце веат државни и партиски знамиња и знамиња на ЕУ на митингот во Скопје. [Toмислав Георгиев] |
Maкедонската централно-десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ, според широкото мислење, ќе победи на следните парламентарни избори в недела (1-ви јуни) и ќе ја предводи следната коалициска влада.
Според анкетата на Институтот за демократија, македонска невладина организација, пред изборите, партијата на премиерот во заминување Никола Груевски ќе освои 31,3 отсто од гласовите. Најголемата опозициска партија, Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), се очекува да биде далеку на второ место: само 11,2 отсто од испитаниците во анкетата што беше спроведена минатата недела, рекле дека ќе гласаат за партијата на Радмила Шеќеринска.
Што се однесува до двете најголеми партии кои го претставуваат етничкото албанско малцинство во Македонија од 25 отсто, Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи, најверојатно, ќе биде поразена од нејзиниот главен ривал, Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети. Според минатонеделната анкета, ДУИ е можно да освои 9,1 отсто од гласовите, односно да биде во водство од повеќе од 3 отсто пред ДПА.
Партијата на Тачи беше дел од коалициската влада на Груевски, која падна во април по неколкумесечните судири и само неколку дена откако Грција ја блокираше поканата на Македонија за влез во НАТО, поради 17-годишниот спор помеѓу двете земји околу името.
ДУИ, која беше дел од коалициската влада предводена од СДСМ од 2002 до претходните парламентарни избори во јули 2006 година, во средата посочи дека е подготвена да й се приклучи на следната влада. Партијата која ќе добие најголема поддршка од етничките албански гласачи, треба да ја претставува оваа заедница во следната влада, рече Ахмети.
Коментирајќи за неодамнешната изјава на Груевски, кој се очекува да ја води следната македонска влада, дека повторно би сакал да ја има ДПА за партнер, водачот на ДУИ предупреди дека еден ваков потег само би го отворил патот за нови политички превирања.
„Без оглед на желбите, без оглед на претпочитувањата, ние ќе ја почитуваме волјата на мнозинството гласачи, а во спротивно, подготвуваме резервен план кој ќе ја доведе земјата во длабока политичка криза, како онаа во 2006 година“, македонскиот весник Макфакс ја цитираше изјавата на Ахмети.
За изборите в недела, ВМРО-ДПМНЕ формираше сојуз со 18 помали партии под слоганот „Македонија знае, Македонија продолжува“. СДСМ води коалиција која вклучува неколку други помали партии, под слоганот „Сонце за европска Македонија“.
Аналитичар од Институтот за демократија вели дека Македонија најверојатно ќе има „нови големи коалиции“.
„Гласачите ќе ја прифатат ако се каже дека истата е во интерес на стабилноста и напредокот на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО, цел која е заедничка за сите големи блокови, на (етничките) Македонци и Албанци“, изјави Гораст Стојменовски за ДПА.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и двете најголеми партии на етничките Албанци, ја поддржуваат брзата евроатланска интеграција на нивната земја.
„Сакаме оваа земја да стане членка на НАТО и ЕУ, и ние немаме дилема, ниту пак алтернатива за тоа“, Ројтерс во средата ја цитираше изјавата од едно интервју на Груевски.
Околу 1,7 милиони луѓе се регистрирани за гласање на изборите в недела, за парламентот од 120 места. Сепак, само 40 отсто од 1.100 испитаници во минатонеделната анкета рекле дека ќе учествуваат на изборите, што претставува намалување од одѕивот од 56 отсто на изборите во 2006 година. Серија инциденти на насилство ја нарушија предизборната кампања оваа година.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's