Пораст на бруцелозата во Босна и Херцеговина

28/05/2008

Иако епидемијата на бруцелоза се прошири низ Федерација на Босна и Херцеговина, не се преземени мерки за спречување на нејзиното ширење.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 28/05/08

photo

Луѓето може да се заболат од бруцелоза ако консумираат непастеризирано сирење или млеко. [AФП]

Босна и Херцеговина (БиХ) се соочува со епидемија на бруцелоза и мора да го спречи ширењето на болеста помеѓу луѓето и животните, предупредија студентите на Факултетот за ветерина при Сараевскиот универзитет во април, на тркалезната маса насловена како „Бруцелозата во БиХ“.

Бруцелозата, наречена и малтешка треска, е многу заразна болест што се шири преку контакт со заразено животно, со јадење сурово месо или непастеризирано сирење или пиење заразено млеко. Кај луѓето бруцелозата може да предизвика симптоми слични со оние на грипот, вклучително и температура, потење, главоболки, болки во грбот и физичка слабост. Можни се и тешки инфекции на централниот нервен систем или срцевата мембрана. Според американскиот Центар за контрола и заштита од болести, стапката на смртност е вообичаено помала од 2 отсто и е обично поврзана со ендокардитис.

„Со сегашното лекување, луѓето заздравуваат релативно брзо. Сепак, лекарите секогаш истакнуваат дека постои можност од влошување на состојбата -- повторување на симптомите и имунитетна слабост или ако има нов контакт со болеста“, објасни професорот Тарик Бајровиќ од Факултетот за ветерина при Сараевскиот универзитет.

Минатата година 500 лица починале од бруцелоза во БиХ. Властите регистрирале 104 нови случаи во текот на првите три месеци од оваа година. Во неодамнешното избивање на епидемијата највеќе беа погодени ветеринарните работници и сточарите. Експертите велат дека епидемијата е надвор од контрола. Системот за заштита од заразните болести на добитокот во Федерацијата на БиХ (ФБиХ) слабо функционира и е причина за исплашеност.

Присутните на конференцијата истакнаа дека властите прогласиле сеприсутна епидемија на бруцелоза во некои кантони на ФБиХ.

Поврзани написи

Loading

На прес-конференцијата по разговорите, Муамер Дервишевиќ, студент по ветерина, рече дека бруцелозата е присутна во БиХ веќе подолг период. Тој додаде дека таа се прошири по конфликтот во 1990-тите, првенствено поради нерегулирањето на увозот на добиток и номатското одгледување добиток.

По конфликтот драстично се зголеми распространетоста на болеста, претходно непозната во БиХ. На почетокот од 2000 година здравствените власти детектираа рани случаи помеѓу сопствениците на „донираниот“ добиток. Оттогаш болеста се шири.

Директорот на Ветеринарната управа на БиХ, Сулејман Хасимбеговиќ, е помеѓу оние кои велат дека бруцелозата во БиХ е надвор од контрола. Тој вели дека владата несоодветно ги спроведува мерките за да ја искорени болеста. Не се донесени ни потребните закони. Ситуацијата, според Хасимбеговиќ, е алармантна.

За разлика од тоа, во ЕУ бруцелозата е скоро целосно искоренета. Ветеринарниот систем во БиХ можно е да се соочи со една од своите најтешки задачи -- некако да го заштити народот од болеста иако не постои соодтвена заштита.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар