Романските хакери претставуваат сé поголема закана

22/05/2008

Познатиот случај на романскиот хакер Владуз, кој го измејуваше И-беј со години, претставува само врв на ледениот брег од еден феномен во Романија. Истиот го привлекува вниманието на меѓународните власти и медиуми.

Од Пол Чикој за Southeast European Times во Букурешт – 22/05/08

photo

Цел на романските хакери се странски жртви. [Архива]

На американските власти им беа потребни години за да го фатат романскиот хакер Владуз, чие вистинско име е Влад Константин Дикулеску, млад матурант од Букурешт, кој нелегално влегуваше во базата на податоци на И-беј од 2005 до 2007 година и й предизвика штета од 2 милиони американски долари на оваа он-лајн веб-страница.

Американската тајна служба ги извести романските власти уште од 2005 година во врска со он-лајн продажбата на апликација која го содржеше изворниот код за логирање на веб-страницата на e-Bay.com, и ја побара адресата на корисникот и шифрата. Претставниците на И-беј се обидоа да идентификуваат кој е продавачот преправајќи се дека се заинтересиран купувач за апликацијата.

Дури минатиот месец Владуз беше уапсен во заедничка операција на романскиот оддел против организираниот криминал и Домашната служба за разузнавање. Тој му кажа на судијата дека ги хакирал серверите на И-беј бидејќи сакал да биде славен и го напуштил училиштето бидејќи немал ништо што да научи таму.

Ова е само последниот случај во серијата он-лајн измами од Романија. Центарот за поплаки за интернет измами добива стотици известувања секој ден, од кои повеќето се однесуваат на интернет напади од Романија.

Поврзани написи

Loading

Минатата година американските власти го обвинија Романецот Флорин Фечет дека украл повеќе од 120.000 американски долари од три лица во измама во која наводно им продавал стока што никогаш не ја добивале. Според федералниот обвинител во Илионис, Фечет, исто така, бил дел од мрежата која, помеѓу ноември 2003 и август 2006 година, измамила повеќе од 2.000 луѓе за 5 милиони американски долари.

Странскиот печат почна да се фокусира на овој растечки феномен. Вашингтон пост неодамна го покриваше случајот во кој цел на романските хакери биле 2.000 менаџери на претпријатија, во измама на крадење на идентитетот. Лажниот имејл испратен до менаџерите бил направен во форма на судски налог со кој им се наредува да се појават на суд. Имејлите содржеле прилог, елемент создаден за крадење на корисничките имиња и шифрите што жртвите ги користеле подоцна, кога влегувале на банкарската веб-страница.

Според Лос Анџелес Тајмс, група хакери од Драгасани, Романија, која е прогласена за центар на интернет измамата, била откриена од експертите на И-беј за измами и агентите на Тајната служба. Скоро 500 хакери во Драгасани ги ставиле градското собрание и локалните училишта и цркви на продажба на интернет, на дури и борбен авион „Миг“, според локалните медиуми. Полицијата објави дека имаат стотици досиеја под истрага, но малку можат да сторат, бидејќи повеќето странски жртви одбиваат да бидат дел од судската парница во Романија.

Најголемата интернет измама досега направена се случи во пролетта 2007 година, според извештајот на Вол стрит џрнал. Романски хакери ја компромитираа базата на податоци на американското трговско претпријатие TJX и продадоа над 40 милиони податоци за неговите клиенти.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар