19/05/2008
Доколку биде одобрен планот на министерството за образование групите во детските градинки можат да бидат поделени на исламски и неисламски групи.
Од Азра Мартин за Southeast European Times во Сараево – 19/05/08
![]() Постои можност градинките во Сараево да бидат поделени на исламски и неисламски групи. [Getty Images] |
Планот на образовните власти во Сараево да воведат часови по веронаука во градинките ја подели јавноста -- некои сметаат дека тоа е верско право, а некои тоа го гледаат како закана за мултинационализмот.
Голем дел од населението во Сараево се Босански Муслимани. Родителите на бошњачките ученици беа анкетирани од страна на директорот на организацијата „Децата од Сараево“ Арзија Махмутовиќ за воведување на часови по исламизам во наставниот план. Махмутовиќ е одговорен за 24 државни градинки во Сараево.
Меѓутоа, нерелигиозните родители не со согласуваат со планот и пуштија во циркулација петиција под слоганот „Запрете ја верската сегрегација во градинките“.
„Не сакам да му објаснувам на мојот тригодишен син Свен, кој е заљубен во неговата соученичка муслиманка Есма зошто одненадеж треба да седат во различни училници. Никој нема право да ги раздели“, пишува Ведрана Пињо-Неушул, босанска муслиманка омажена за Евреин. На петицијата се потпишаа околу 5000 лица.
Многу исламски родители во Сараево велат дека петицијата претставува „кулминација на анти-исламистичката кампања“.
Министерството за образование ќе одлучи дали да го имплементира истиот модел кој постои во колеџите -- часовите по веронаука како доброволна опција -- или пак да го отфрли заради почитување на мултикултурализмот.
Дебатата ја следи ОБСЕ, од каде велат дека „образованието во Босна и Херцеговина треба да вклучува, а не да исклучува“.
Теоретски, нема ништо погрешно во ова, освен тоа што се додава предмет во предучилишниот наставен план за кој повеќето експерти тврдат дека не треба да се учи на толку мала возраст. Ова покренува прашања за екслузивноста и дискриминацијата бидејќи извештаите, исто така, упатуваат на тоа дека ваквата настава ќе биде чисто исламистичка.
„Во една мултинационална земја како БиХ, ова претставува закана за фундаменталните слободи кои се гарантираат со самиот устав на оваа земја. Ако не го создаде и негува ова чувство на припадност кај граѓаните, без оглед на нивната раса, вера или култура, БиХ има мали изгледи да го заземе посакуваното место во поширокото семејство на демократски држави“, велат од организацијата.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's