Одлуката за изградба нови џамии во Сараево предизвика нова дебата

14/05/2008

Неодамнашната иницијатива на исламската заедница на Босна и Херцеговина за изградба нови џамии во главниот град предизвика дебата околу мултиетничноста, верската толеранција и наводните происламски симпатии на властите во земјата.

Од Азра Мартин за Southeast European Times во Сараевo – 14/05/08

photo

Босански муслиман се моли во сараевска џамија. [Getty Images]

Откако исламската заецница во Босна и Херцеговина (БиХ) ги најави плановите за изградба уште неколку џамии во Сараево, се разгоре дебатата околу ова прашање во земјата. Многумина прашуваат дали ваквите планови ќе го загрозат мултиетничкиот карактер на земјата, особено со оглед на тоа што странските донатори помогнаа во финансирањето на изградбата на голем број џамии, во обид да се поправи штетата на неколку верски објекти по конфликтот во 1990-тите.

Новите градежни напори наидоа на малку ентузијазам, со оглед на тоа што критичарите чувствуваат дека застапниците на идејата за изградба на нови џамии имаат намера да го шират исламот во една мултиетничка и мултирелигиозна земја. Тој карактер на разновидност е особено изразен во Сараево, каде што жителите се гордеат со својата верска толеранција и евромуслиманска традиција.

По конфликтот во 1990-тите, десет од 15 џамии никнаа само во главниот град -- едната од нив, најголемата, го носи името на саудискиот крал Фахд. Денес, има вкупно 85 џамии во центарот на Сараево, кои претставуваат архитектонски и историски споменици.

Исламската заедница доби одобрение од општината за изградба на џамии во сараевската населба Циглане и во близина на Националниот театар.

Во Циглане, џамијата треба да се се изгради на игралиште за деца, што предизвика критики. Општинските претставници ја бранат својата одлука велејќи дека планерите предвиделе џамија во Циглане уште во 1994 година, како потсетник на верската ренесанса и како промоција на етно-националните вредности.

Џамијата во близина на Народниот театар, ако биде изградена, ќе се наоѓа на место на парк изграден пред четири години. Додека работеа на идниот парк, екипите откопаа стара џамија на Калин Хаџи Алија, по што исламската заедница побара итно прекинување на изградбата на паркот.

Поврзани написи

Loading

Групите на радикалните муслимани одржаа пладневни молитви во знак на протест на какви било понатамошни градежни работи. Општината на крајот се согласи да го претвори местото во археолошки парк. Пред неколку недели исламската заедница побара и доби дозвола за изградба на џамија на локацијата.

Соочени со прашањето дали на Сараево му требаат толку многу џамии кога многумина босански муслимани не се верници, претставниците на исламската заедница посочија на историјата.

„Во последниве 100 години, не беа изградени нови џамии, но 27 беа уништени поради антирелигиската пропаганда“, по основањето на Југославија по Втората светска војна, рекоа претставници на заедницата.

Засега дебатата околу изградбата нови џамии во БиХ ги покрена прашањата на верската толеранција и очигледната блискост помеѓу исламската заедница и властите во БиХ, кои некои ги обвинуваат дека го игнорираат противењето на изградбата на џамии.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар