Стариот партиски водач за нова ера во Хрватска

12/05/2008

Конвенцијата на СДП беше голем триумф за актуелниот претседател Зоран Милановиќ. Тој доби повеќе од 79 отсто од гласовите на делегатите и најави нова политика за најголемата опозициска партија во Хрватска.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 12/05/08

photo

Зоран Милановиќ во саботата (10-ти мај) беше реизбран за претседател на СДП. [Getty Images]

Зоран Милановиќ ја освои претседателската функција во Социјалдемократската партија (СДП) со убедлива победа во саботата (10-ти мај), добивајќи повеќе од 79 отсто од гласовите на делегатите. Неговите двајца најголеми противкандидати, Даворко Видовиќ и Драган Ковачевиќ, освоија 11, односно 9 отсто од гласовите. Повеќе од 1.800 делегати гласаа на претседателските избори во најголемата опозициска партија.

Милановиќ доби четиригодишен мандат. Тој за првпат стана претседател на партијата во јуни 2007 година, наследувајќи го долгогодишниот претседател на СДП, Ивица Рачан, кој почина од рак. Иако тој не успеа да ја доведе својата партија до победа на изборите во ноември 2007 година, СДП постигна најдобри резултати во својата историја, освојувајќи 56 парламентарни места. Владејачката партија ХДЗ имаше само шест места повеќе, но успеа да формира влада и да ја задржи власта. Милановиќ вели дека е подготвен и сака да ја води партијата до нејзината „победа на следните избори“.

„Нашиот тим мора да биде подготвен да ја преземе политичката власт во земјата за четири години и тогаш ние ќе ја водиме оваа земја. Ние нема да се предадеме, нема да лажеме“, рече Милановиќ во саботата.

„Мартин Лутер Кинг рече ,Имам сон.“... Јас немам сон, јас знам дека СДП има план. Тоа е план за нова и подобра Хрватска“, рече тој.

Поврзани написи

Loading

Конвенцијата во саботата беше личен триумф за Милановиќ, бидејќи никој не ја доведе во прашање неговата визина за партијата. Сепак, тој објави дека ќе продолжи со нова политика која треба да й овозможи на СДП да победи на локалните избори следната година и подоцна да го преземе парламентот.

Милановиќ се смета за решителен и понекогаш тврдоглав политичар, кој поради тоа понекогаш ги иритира „старомодните“ фракции во СДП, кои претпочитаат дебати и анализи отколку брзо носење решенија.

Затоа, Милановиќ ќе мора да ги убеди своите партиски членови дека неговите одлуки се интелигентни и неопходни. Хрватскиот весник Јутарњи лист објави дека „е можно тој да се соочи со отпор во својот сопствен двор“.

„Ние не победивме на парламентарните избори, така што СДП мора да се промени за да победи следниот пат. Кога СДП се менува, се менува и општеството“, рече Милановиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар