09/05/2008
Недвижностите и градежната индустрија се лесни цели за оние кои сакаат да перат пари, предупредува комитетот на Советот на Европа.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 09/05/08
![]() „Хрватска ќе стори сé што е потребно за да ја усвои и спроведе европската правна рамка, особено во случаите против перењето пари“, рече премиерот Иво Санадер. [Getty Images] |
Експертскиот комитет за проценка на мерките против перењето пари и финансирањето на тероризмот (МОНЕЈВАЛ) при Советот на Европа (СоЕ) го објави својот трет извештај со проценка за Хрватска. Истиот дава оценка за спроведувањето на меѓународните и европските стандарди во борбата против перењето пари и терористичкото финансирање.
Владата доби детална проценка во која е образложен секој заклучок, заедно со предлог за правецот на дејствување во областите каде што напредокот бил несоодветен.
Според експертите на СоЕ, на правната рамка на Хрватска й недостасуваат соодветни мерки за спроведување. „Не постои доволна ефикасност и подготвеност за пронаоѓање на потеклото на „валканите пари“ и казнување на оние кои се обидуваат да ги легализираат незаконски стекнатите пари“, се вели во извештајот.
„Хрватските власти не обрнуваат доволно внимание на перењето пари, кое се користи за најразлични цели“, се додава во извештајот. „Сивата зона на недвижностите и градежната индустрија е лесна цел за ваквите операции. Иако хрватските институции донесоа закони против перењето пари пред десет години, досега имало само два такви судски процеси.“
Два фактори -- преоптоварените судови и недостатокот на стручност -- се наведуваат како можни причини за долгите одложувања. Двата проблеми „се чини дека може да се поправат преку соодветна обука на судството и обвинителството“, велат авторите.
Експертите на СоЕ проценуваат дека во 2005 година Хрватска изгубила 500.000 евра во организираниот криминал, додека економскиот криминал општо, ја чинел земјата околу 170 милиони евра.
Напорите за разбивање на финансирањето на терористите, исто така, не се успешни, предупредуваат експертите. „Хрватска ќе мора да направи повеќе за решавање на проблемот со финансирањето на терористите на задоволителен начин. Финансирањето на тероризмот само во многу ограничена мерка се третира како автономно кривично дело, и уште повеќе, превентивниот закон моментно недоволно го опфаќа спречувањето на финансирањето на тероризмот“, се вели во извештајот.
Хрватските медиуми објавуваат делови од документи, со сензациоаналистички наслови во кои Хрватска се опишува како „сигурно место за перење пари“. Владата сé уште не дала официјален одговор на ова. Сепак, премиерот Иво Санадер генерално вели Хрватска „ќе стори сé што е потребно за да ја усвои и спроведе европската правна рамка, особено во случаите против перењето пари“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's