05/05/2008
УНМИК ќе остане во Косово во согласност со резолуцијата на ОН 1244, но ќе ги преиспита своите надлежности откако новиот устав ќе влезе во сила, рече шефот на мировниците на ОН, Жан-Мари Гуехено.
Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина -- 05/05/08
![]() Шефот на мировната мисија на ОН, Жан-Мари Гиехено, пристигна во Косово во саботата (3-ти мај). [Getty Images] |
Потсекретарот на ОН за мировни операции Жан-Мари Гуехено во саботата (3-ти мај) пристигна во Косово во информативна посета. Тој се состана со албанските водачи и водачите на косовските Срби во етнички поделениот град Митровица и повика на почитување на правото.
„Насилството не е инструмент за решавање на проблемите“, рече тој по состанокот со градоначалникот на Митровица Бајрам Реџепи. „Криминалните активности треба да се казнуваат без оглед на тоа кој е нивниот вршител.“
Тој, исто така, рече дека УНМИК треба да го прилагоди своето присуство во Косово по 15-ти јуни, кога косовскиот устав стапува на сила, иако одби да даде други детали. „УНМИК сака да се развива, односно да се соочува со развојни околности“, рече тој, инсистирајќи дека мисијата треба да остане во Косово во согласност со резолуцијата на ОН 1244.
Надлежностите на УНМИК ќе бидат прилагодени на околностите, рече тој. „Имаме промени и трансформации што се случија многу брзо. Сепак, треба да ја земеме предвид резолуцијата 1244 и нејзините надлежности“, рече тој.
За време на неговата посета, Гуехено оствари разговори со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и шефот на мисијата на ОН Јоаким Рикер. Фокусот беше ставен на изгледите за меѓународни цивилно присуство и за немирите на 17-ти март во северна Митровица.
„Не треба да има вакуум во безбедносната ситуацијата и не треба да има ситуацијата каде што луѓето не го почитуваат правото“, рече тој.
Косовските Срби, пак, му рекоа дека насилството во Митровица -- кое вклучуваше напади врз персоналот на УНМИК -- било испровоцирано од меѓународната заедница.
Немирите произлегоа од „обидот на меѓународната заедница и УНМИК да воспостави институции на независно Косово“ и да ги наметне истите врз етничките Срби во Митровица, според извештаите на медиумите кои го цитираа градоначалникот на Зубин Поток, Славиша Ристиќ.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's