Интеграцијата не е целосна без Западен Балкан, велат водачите

05/05/2008

На дводневниот самит во Охрид, претставниците на 18 земји од Централна Европа разговараа за енергијата, инфраструктурата и проширувањето на ЕУ. Тие се согласија дека не се согласуваат во врска со Косово.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 05/05/08

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ (лево) и македонскиот претседател Бранко Црвенковски одржаа прес-конференција на крајот од самитот во саботата (3-ти мај). Србија ќе биде домаќин на следниот самит на ЦЕИ. [Toмислав Георгиев]

Европската интеграција претставува единствената опција за земјите на Балканот, заклучија официјалните претставници и дипломатите од 18 земји, на дводневниот самит на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во петокот (2-ри мај) и саботата во Охрид.

„Процесот на евроатланска интеграција не треба да се смета за завршен без целосно вклучување на сите земји од Западен Балкан и Украина во НАТО Алијансата и ЕУ“, рече македонскиот претседател Бранко Црвенковски, кој беше домаќин на состанокот. Земјите-кандидатки „треба да ги интензивираат потребните реформи, додека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува нивните напори“, додаде тој.

Учесниците се согласија дека економскиот развој останува висок приоритет за Централна Европа и дека растот зависи од стабилниот енергетски дотур и висококвалитетниот транспорт и телекомуникациската инфраструктура. Треба да се изградат нови енергетски централи за да се зајакнат националната, регионалната и целокупната економија на ЕУ, заклучија тие.

„Лошата инфраструктура претставува слабост на овој регион“, рече српскиот претседател Борис Тадиќ, кој ќе биде домаќин на самитот на ЦЕИ следната година.

На овогодинешниот настан, дискусиите беа во сенка на две жешки теми во регионот -- независноста на Косово и грчко-македонскиот спор околу името. Србија жестоко го отфрли прогласувањето независност на 17-ти февруари од страна на етничкото албанско раководство на Косово, додека Грција ја блокираше поканата за влез во НАТО, која ако тоа не се случеше ќе й беше доделена на Македонија на априлскиот самит во Букурешт.

Црвенковски рече дека неговата земја се залага за фер компромис во спорот со Грција, но рече дека „тоа не зависи само од нас“.

Поврзани написи

Loading

По однос на прашањето на Косово, самитот беше поделен. Водачите на новата држава не беа поканети на самитот, бидејќи за тоа би било потребно одобрување од сите 18 членови, вклучително и Србија. Црвенковски предупреди дека тоа прашање претставува закана за регионалната стабилност и можеби ќе биде тешко да се разреши.

Дури и ЕУ не може да се договори за заеднички став во врска со независноста на Косово, рече тој.

Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина ги испратија шефовите на државите на самитот. Три други членки на ЦЕИ -- Италија, Романија и Украина -- беа претставени со амбасадори. Покрај ова, како гостин беше поканет и турскиот претседател Абдула Ѓул.

Охридскиот самит испрати силен сигнал за обединета Европа, со сите земји во регионот, рече Ѓул.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласa

Loading

Дестинација: Балкан

Дестинација: Балкан

Безвизно патување: патот напред

Безвизно патување: патот напред

Eвропа гласа: Избори за ЕП 2009

Eвропа гласа: Избори за ЕП 2009

Турција: Ветување и предизвик

Турција: Ветување и предизвик

Најбараните лица на Хаг

Најбараните лица на Хаг

Градење на Косово

Градење на Косово
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат оваа недела постигнаа согласност за нов пограничен премин. Дали се интензивира динамиката на разговорите за повторно обединување?

Да
Не
Не сум сигурен

Види ги резултатите

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's