Загадениот македонски град ќе се ослободи од топилницата

01/05/2008

Советот на Велес го одобри отстранувањето на најголемиот загадувач во Македонија -- напуштената топилница на олово и цинк -- и планира да изгради станбени и деловни објекти во областа.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 01/05/08

photo

Топилницата на олово и цинк во Велес престана да работи во 2003 година. [Mакедонска влада]

Велес, најзагадениот град во Македонија, конечно ќе ја уништи долго време затворената топилница на олово и цинк, која се наоѓа во центарот на градот. Претходно оваа година Советот на Велес ја поддржа иницијативата на десеттина еколошки здруженија обединети во Зелената коалиција за расформирање на старата фабрика.

Македонската влада, исто така, го поддржа овој чекор. Жителите на Велес го критикуваа загадувањето од фабриката, која дури и по затворањето ги подига нивоата на олово и кадмиум во воздухот, почвата и водата. Некои истражувања покажаа присуство на кадмиум во ткивата на децата заболени од рак.

Ненад Кочиќ од еколошкото друштво „Вила Зора“ го нарече овој чекор „историски момент за жителите на Велес“. Тој вели дека според Конвенцијата од Орхус, на која Македонија е потписник, нејзините граѓани имаат право на здрава животна средина.

Плановите за расчистување вклучуваат ослободување на градот од тешките метали и деконтаминација на почвата во опсег од 45 хектари околу топилницата. Градскиот совет одлучи да ја охрабри изградбата на станбени и деловни објекти околу фабриката.

Истата престана со работа во 2003 година, но бидејќи работниците несоодветно ја затворија и поради тоа што таа нема сопственик кој би ја презел одговорноста, таа сé уште ја загадува областа. Триесетгодишниот токсичен отпад ја загадува почвата и подземните води.

Македонскиот Институт за здравствена заштита во 2003 година објави, додека фабриката сé уште работеше, дека Велес апсорбира 62.000 тони цинк, 47.300 тони олово и 120.000 тони сулфурен диоксид годишно.

Поврзани написи

Loading

Со оглед на тоа што никој не го одржува објектот, истиот носи дополнителни тешкотии. Во ноември 2007 година локалните жители се соочија со опасност од истекување на околу 200 тони сулфурна киселина, која се чуваше несоодветно во резервоар на фабриката Киселина, во реката Вардар. Ако ова количество киселина истечеше во реката, последиците за регионалната флора и фауна ќе беа огромни. Слична опасност имаше во 2004 година, кога можеше да се случи истекување на 4.500 тони сулфурна киселина и 400 тони амониум од друга фабрика.

Град од 50.000 луѓе, Велес се соочува со константна опасност како и дилема веќе многу години. Екологистите укажуваат на мерките кои континуирано покажуваат зголемување на нивоата на загадување за 50-пати, но затворањето на фабриката, исто така, доведе до неваботеност. Овојпат владата застана на страната на екологистите.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Зоран Ставрески, рече дека владата ќе ги поддржи жителите на Велес. „Не треба да има повеќе експерименти во Велес. Загадувањето треба да престане и треба да се изнајдат методи за расчистување на почвата и регионот“, рече Ставревски.

Министерството за транспорт и врски се очекува да го одобри Деталниот урбанистички план издаден од општина Велес и да започне со расформирање на фабриката во следните месеци.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар