ЕУ ги поздрави турските реформи за слободата на говорот

01/05/2008

ЕУ го поздрави долгоочекуваниот амандман на турскиот парламент на контроверзниот закон со кој се казнува „навредата на турската припадност“.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 01/05/08

photo

„Овој амандман е добредојден чекор напред“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен. [Getty Images]

ЕУ во средата (30-ти април) го поздрави усвојувањето на амандманот на членот 301 од страна на турскиот парламент. Парламентот ја одобри измената на Кривичниот закон, со поддршка на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот, по осумчасовна расправа. Партијата за националистичко движење (МХП) силно се спротивстави на измените, додека најголемата опозициска Републиканска народна партија ги опиша како „козметички“ напор за да се задоволи ЕУ.

„Овој амандман е добредојден чекор напред“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, истакнувајќи ја важноста на спроведувањето. „Сега турските власти треба да се фокусираат ... на гарантирањето на целосната слобода на изразувањето“, рече Рен, барајќи амандмани на сличните членови со цел да се прекинат неоснованите судски гонења.

Контроверзниот член стана закон во 2005 година, како дел од програмата за реформи во законодавството, но неговата нејасна терминологија произволно криминализира широк опсег критични мислења. Според законот, „јавната деградација“ на „турската припадност“ или „владата на Турција, судските институции на Државата, воените или безбедносните структури“ станаа казниви за до три години затвор.

Многумина интелектуалци беа судени според овој член, вклучително и нобеловиот лауреат за 2006, Орхан Памук, романсиерката Елиф Сафак и турско-ерменскиот новинар Хрант Динк, кој подоцна беше убиен.

Со овој амандман не се отстранува членот 301, туку појасно се дефинира терминот „јавна деградација“ и се ограничуваат ингеренциите на државното обвинителство за спроведување вакви случаи. Се заменува нејасниот термин „турска припадност“ со „турска нација“, а терминот „Република“ со „Државата Република Турција“. Турскиот министер за правда мора да го овласти секое судско гонење според овој закон, правејќи го потешко отворањето на ваков случај. Амандманот, исто така, ги истакнуваат изразите на критички мисли што не претставуваат кривично дело. Истиот ја намалува затворската казна на максимум две години.

Поврзани написи

Loading

Потврдувајќи ги подобрувањата, критичарите на амандманот тврдат дека истиот го остава членот 301 како долготрајна закана за слободата на говорот.

ЕУ во голема мера го поздрави потегот. „Ова претставува компромис. Не можевме да постигнеме подобри резултати“, рече членот на Европскиот парламент Јост Лагендијк. „Како и ЕУ, нашата главна опција беше поништување на членот 301. Но, мораме да ги земеме предвид тешките домашни политички услови во Турција ... засега треба да го прифатиме како што е“, рече тој.

Претседателот на заедничката парламентарна комисија на ЕУ и Турција, Лагендијк, истакна дека Турција вклучила елементи од кривичните законици на Италија, Полска и Германија во подготвувањето на неодамнешниот амандман и дека, во сегашната форма, 301 нема да го попречува процесот на Турција за влез во ЕУ.

ЕУ, кон која Турција се залага да се приклучи, долго време го критикуваше законот како закана за слободата на говорот и го опиша како голема пречка за разговорите на Турција со ЕУ. Турција ги започна разговорите за пристап со ЕУ во 2005 година, но во последните три години отворени се само шест од вкупно 35 неопходни поглавја.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар