30/04/2008
Кипар и Грција се единствените земји од Југоисточна Европа што се класифицирани како „слободни“ во новото годишно истражување на „Фридом хаус“ за независноста на медиумите во целиот свет.
(Фридом хаус, АП, АФП, РФЕ/РЛ - 29/04/08)
![]() Поранешните комунистички земји покажуваат најголем релативен пад на слободата на медиумите во светот, главно поради мислењето за политизираност на државниот радиотелевизиски сервис, се вели во извештајот. [Фридом хаус] |
Шеста година по ред, глобалната слобода на медиумите доживеа јасен пад во 2007 година, објави во вторникот (29-ти април) групата за права Фридом хаус, објавувајќи го новото годишно истражување за независноста на медиумите во светот.
„За секој чекор напред во слободата на медиумите минатата година имаше два чекори назад“, рече Џенифер Виндзор, извршен директор на оваа американска непрофитна организација. „Кога слободата на медиумите се намалува ... може да следат ограничувања и на другите слободи.“
Новинарите скоро секаде се соочуваат со сé понепријателско опкружување, вели групата во своето истражување на 195 земји и територии во 2008 година, објавено само неколку дена пред светскиот Ден на слободата на медиумите, на 3-ти мај.
Медиумите во овие земји добиваа поени од 0 (најдобар) до 100 (најлош) врз основа на проценките за законската, економската и политичката слобода што ја уживаат. Од вкупно 195 земји и територии покриени со истражувањето, 72 што постигнаа помеѓу 0 и 30 поени влегоа во групата на оние со „слободни“ медиуми. Педесет и девет земји постигнаа од 31 до 60 поени и се рангираа како „делумно слободни“, додека 64 постигнаа помеѓу 61 и 100 и влегоа во групата „неслободни“.
Само 18 отсто од светското население живее во земји со слободни медиуми, објави „Фридом хаус“, издвојувајќи ја Западна Европа како регион кој се рангираше највисоко во однос на слободата на медиумите.
Од земјите во Југоисточна Европа (ЈИЕ), Кипар се рангираше најдобро на светско ниво. Земјата е на 40-тото место, заедно со Белизе, Доминика, Франција, Латвија и Словачка, кои добија по 22 поени.
Единствената друга земја од ЈИЕ која е класифицирана како „слободна“ е Грција, која се најде на 56-тото место, со Гана и Мали.
Сите балкански земји припаднаа на групата „делумно слободни“. Од нив Бугарија се рангираше највисоко, со 33 поени, односно на 76-тото место во светот. Хрватска е на 78-мото место со Боцвана.
Црна Гора е на 81-вото место со Источен Тимор и Монголија.
Србија, која доби 39 поени, е на 84-тото место, заедно со Антигва и Барбуда, Боливија и Доминиканската Република.
Романија е на 94-тото место со Панама и Перу. „Фридом хаус“ ја критикуваше поради „Одлуката на Уставниот суд за повторно воведување на кривичната клевета.“
Од другите земји во ЈИЕ, Босна и Херцеговина се рангираше на 97-мото место со Филипините.
Maкедонија е на 100-тото место со Аргентина. Двете добија по 47 поени.
Албанија и Турција се рангираа најниско помеѓу земјите од ЈИЕ. Албанија е на 105-тото место, додека Турција е на 106-тото со Конго-Бразавиј, Хонудрас и Мексико.
Централна и Источна Европа и поранешниот Советски сојуз заедно покажаа најголемо назадување на ниво на регион, според „Фридом хаус“.
„Русија остана една од најопасните земји во светот за медиумите“, според групата.
Земји со најлош рејтинг во светот се Туркменистан, Бурма и Северна Кореја.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's