Случајот на Хипо банка под истрага во Хрватска

29/04/2008

Неодамнешниот судски случај против Хрватска за неправилности во купувањето од страна на Хипо банка на Славонска банка може да го обесхрабри ентузијазмот на странските инвеститори.

Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб –29/04/08

photo

Хрватска е можно да й плати 40 милиони евра на австриска Хипо банка за неправилности во продажбата на дел од Славонска банка. [EУ]

Хрватската агенција за надзор на банки загуби во случајот на Хипо банка АГ интернешнал против Хрватска во Арбитражниот суд во Лондон, пресуда што беше обелоденета минатиот месец. Хрватска й должи 40 милиони евра на австриската Хипо банка за неправилности во продажбата на дел од Славонска банка во 1998 година. Хипо банка ја обвини Агенцијата за надзор на банки за погрешно претставување на завршната сметка на Славонска банка и со тоа, за кршење на условите за продажба на акциите на банката.

Хипо банка инвестираше во хрватската Славонска банка во 1998 година, како стратешки партнер на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), купувајќи акции од државна агенција. Во текот на купувањето Славонска банка прикри значителни загуби од своите сметководствени книги, поради што Хипо банка претрпе загуба од 35 милиони евра по купувањето на акциите.

Откако не можеше да постигне договор со Хрватска за компензација, Хипо банка побара правда на суд. Најпрво поднесе тужба во Арбитражниот суд во Загреб. Откако не најде задоволителен одговор таму, се обрати на лондонскиот Арбитражен суд.

„Хрватска ќе плати 40 милиони евра од своите даночни приходи“, рече претседателот Стипе Месиќ. Тој истакна дека некој мора да сноси одговорност, обвинувајќи го „типично маестралниот хрватски стил на приватизација“.

Поврзани написи

Loading

Случајот е под истрага на полицијата и другите владини агенции. Славонска банка одби да даде коментар. Премирот Иво Санадер бара одговори за два вакви случаи што Хрватска ги изгуби -- еден поднесен од Хипо банка и другиот од италијанската Асталди, на која Хрватска й должи обештетување откако изгуби ви спорот околу изградбата на автопатот Загреб-Горичан.

„Сакаме сé да биде темелно испитано: кој е одговорен и дали ова е случај на некомпетентност или нешто друго“, рече Санадер на 27-ми март, потврдувајќи дека државниот обвинител и Министерството за правда го проверуваат случајот.

Исходот од случајот со Хипо банка предизвика критики од страна на Австрија. Земјата тврди дека Хрватска покажува лошо владеење, бавен правен систем и корупција.

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Јандроковиќ, ги отфрли критиките како неоправдани. Сепак, овие случаи би можеле да ги попречат странските инвестиции, да го поткопаат растот и стабилноста на земјата. Тоа беше консензусот на економистите што говореа за Хрватска за Економскиот разузнавачки оддел. По интервјуирањето на 600 инвеститори, тие заклучија дека инвестициските ризици -- како примерот со Славонска банка -- зголемувањето на платите и крајот на приватизацијата, се главните дестимулации.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар