Хрватски банкар: Балканските берзи се соочуваат со превирања

28/04/2008

Во интервјуто за Southeast European Times хрватскиот инвестициски банкар Томислав Тукиќ вели дека балканските берзи се соочуваат со криза не само поради глобалните тешкотии што произледуваат од американската и европските берзи.

Од Иво Шчепановиќ за Southeast European Times во Сплит – 28/04/08

photo

Toмислав Тукиќ. [Иво Шчепановиќ]

Томислав Тукиќ, директор на хрватскиот инвестициски фонд СТ Инвест, верува дека политичкото превирање во Србија и неизвесноста би можеле да ги погодат берзите на Балканот.

„Влошените перформански на берзите и инвестициските фондови се под влијание на кризата во Европа и САД. Сепак, балканските земји, исто така, трпат влијание од други фактори, вклучително и кризата во Србија“, рече Тукиќ. Тој и другите експерти истакнуваат како балканските берзи изгубија ликвидност по повлекувањето на фондовите од регионот.

„Неликвидните берзи ги зголемуваат стравувањата помеѓу инвеститорите“, рече тој.

Други експерти се согласуваат дека балканските берзи и инвестициски фондови уживаа извонреден раст во изминативе неколку години, во кои некои акции и сектори ги надминаа своите вистински вредност. Просечните инвеститори прашуваат дали акциите и фондовите во регионот може да се вратат на нивоата од крајот на 2007 година.

„Претпријатијата ќе мора да го одржат и зголемат профитот на начин на кој инвеститорите го очекуваат тоа од нив. Во тој случај, берзите ќе се вратат на нивото што го постигнаа на крајот од минатата година. Сепак, нивото беше многу високо, а способност за повторно постигнување на истото е тешко да се предвиди“, објаснува Тукиќ.

Според него, ако идните резултати од бизнисите покажат стабилност и раст на профитот и ако дојдат со регионална стабилност, може да се очекува смирување на цените на акциите и фондовите.

„Не треба да заборавиме дека, технички, берзите се соочуваат со надолен тренд. Глобалната ситуација влијае на балканскиот регион, и сé уште е отворено прашањето кога може да очекуваме бегство од глобалниот надолен тренд. Во вакви ситуации, на инвестициските фондови им е потребен активен менаџмент кој ќе може брзо да реагира на сите можности што пазарот ги нуди. Тие мора да ја испитуваат променливоста што ја искусивме од почетокот на годинава и со која најверојатно ќе се соочиме во следните месеци“, рече Тукиќ.

Тој гледа одговор ако претпријатијата во регионот ги исполнат очекувањата со нивните бизнис резултати. Решението на српската криза може, исто така, да помогне.

„Целиот регион ќе има проблеми ако политичкото решение во Србија не даде меѓународно прифатливи стандарди за раст на пазарот. По еден ваков негативен развој, би било доведено во прашање и дали евентуалниот позитивен развој на американскииот и европските пазари многу би влијаел на нашиот дел од пазарот“, рече тој.

Предлогот што Тукиќ им го нуди на оние што купуваат во инвестициските фондови е да ја препознаат нивната долгорочна природа.

„Историјата не учи дека долгорочните инвестиции ... покажуваат најдобри резултати. Инвестициските набљудувачи треба да потврдат дека променливоста претставува дел од берзата. Историјата, исто така, покажува дека на долгорочен план, инвестирањето за време на кризи може да донесе големи профити“, истакна тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading