Реконструираниот Стар мост во Мостар загрозен од новите пукнатини

28/04/2008

По неколку пукнатини се појавуваат на Стариот мост во Мостар секојдневно, според експертите ангажирани од Комисијата за зачувување на националните споменици на Босна и Херцеговина.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево – 28/04/08

photo

Стариот мост во Мостар. [Јусуф Рамадановиќ]

Светски познатиот Стар мост во Мостар се протега над реката Неретва во Херцеговина, југоисточниот регион на Босна и Херцеговина (БиХ). Хајрудин, турски архитект, го изградил во периодот од 1557 до 1566 година, по наредба на отоманскиот султан Сулејман Величенствен. Легендата е дека Хајрудин избегал од Мостар под смртна закана од султанот, кој се заканил дека ќе го обеси ако мостот некогаш падне.

За време на конфликтот во БиХ во 1993 година, хрватските артилериски бомбардирања го уништија Стариот мост. По неговата реконструкција во 2004 година, властите го вклучија во Листата на светското наследство на УНЕСКО во 2005 година. Владите на Турција и Италија беа главните спонзори на проектот.

Неодамнешните истражувања за проектот за реконструкција покажаа дека на истото место постоел мост и пред доаѓањето на Отоманците, во времето на средновековната босанска држава.

Лакот на новиот мост од варовник, скоро 29 метри долг и 20 метри висок, се витка во полукруг, познат по својата елеганција. Кога сончевите зраци ќе плиснат над виткиот и фин лак кој се протега над реката, воодушевените гледачи тешко можат да замислат дека тој е направен од варовник.

Експертите од Комисијата за зачувување на националните споменици од БиХ откри дека по неколку нови пукнатини секојдневно се појавуваат на реконструираниот мост. Во прелиминарниот извештај на комисијата се вели дека нивните причини се непознати и дека само секојдневното следење може да ги идентификува.

Поврзани написи

Loading

„За време на тридневната посета експертите истакнаа дека нови пукнатини се појавуваат секој ден. Неопходно е да се одреди [нивниот] интензитет, брзина и позиција“, вели претседателот на комисијата, Азра Хаџимухамедовиќ.

„Мостот можеби пука поради сеизмички активности, промена на потпорните камења, градежните работи на патиштата во близина или некои неправилности во градбата со цел да се реплицира оригиналот од пред 1993 година“, рече Хаџимухамедовиќ.

Некои набљудувачи ги припишуваат пукнатините на неодамнешниот земјотрес во Херцеговина. „Моделот ... може да одговара на оваа теорија, но не е сигурно во овој момент“, рече Хаџимухамедовиќ.

Стариот мост е симбол на Мостар и привлекува бројни туристи. Во неговата долга историја, мостот носел многу имиња, како што се: „Нов мост“, „Мостот на султан Сулејман“, „Големиот мост“ и конечно „Стариот мост“. Самото име на градот, Мостар, доаѓа од два словенски збора, мост и премостува.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's