23/04/2008
Хрватска, Романија и Србија во вторникот во Букурешт се договорија да формираат претпријатие кое ќе го изгради паневропскиот нафтовор за пренос на хрватска нафта до европскиот пазар.
(Б92, Nine O'clock - 23/04/08; AФП, Ксинхуа, Ромпрес, Б92, Балкан инсајт, Макфакс - 22/04/08; AФП - 03/04/07)
![]() Проектот предвидува изградба на нафтовод од пристаништето на Црното Море Консанца, преку Романија, Србија, Хрватска и Словенија, до Трст, Италија. [Getty Images] |
Хрватска, Романија и Србија во вторникот (22-ри април) се доближија до изградбата на Паневропскиот нафтовод (ПЕОП), потпишувајќи го договорот во Букурешт за промовирање на проектот, вреден 3,5 милијарди евра.
„Проект-претпријатието ќе биде регистрирано за 45 дена во Лондон, каде што ќе биде неговото седиште“, рече романскиот државен секретар за европски прашања, Виорел Паласка. „Тоа е прв чекор, неопходен, за реализација на овој проект.“
Претпријатието што ќе го подготви проектот (ПДЦ) ќе има 2.100 акции во вредност од 100 британски фунти (околу 125) евра одделно, распределени подеднакво помеѓу трите земји. Секој од нив со тоа ќе има третина од капиталот во акции од над 262.000 евра, преку претпријатијата што ги претставуваат. Хрватски претставник ќе биде нејзиното претпријатие Јанаф, српски претставник ќе биде Транснафта, а романски Конпет и Оил терминал. Двете романски претпријатија ќе учествуваат со по 35.000 британски фунти (околу 43.736 евра) во акцискиот капитал на ПДЦ.
Паласка за новинарите изјави дека лондонското претпријатие ќе го промовира нафтоводот за привлекување повеќе инвеститори. Според него, Казахстан и Азербејџан веќе искажале интерес за учество како снабдувачи на нафта и можеби дури и како инвеститори и учесници.
Договорот од понеделникот уследи 12 месеци откако трите земји, заедно со Словенија и Италија, потпишаа декларација во Загреб, обврзувајќи се за унапредување на нивната соработка во пренесувањето касписка нафта за европскиот пазар.
Планот, за првпат предложен во 2002 година, предвидува поставување на нафтовод долг 1.300 километри од романското пристаниште Констанца до Трст на италијанскиот Јадрански брег, преку Србија, Хрватска и Словенија. Физибилити студијата посочува дека истиот ќе пренесува 60 милиони тони нсфта годишно. Изградбата би можела да започне следната година и се очекува да заврши во 2013 година.
Проектот за нафтоводот Констанца-Трст ужива поддршка од 27-те членки на ЕУ, кои сакаат да имаат различни снабдувачи и да ја намалат својата зависност од руската нафта.
„Јас и моите колеги ќе сториме сé што е во наша моќ за да ја олесниме [оваа] работа“, рече комесарот за енергија на ЕУ, Андрис Пиебалгс, на почетокот од април 2007 година.
Тој додаде дека нафтоводот Констанца-Трст ќе помогне да се избегне пренатрупаноста на традиционалниот црноморски правец
Словенија и Италија допрва мора да ги назначат своите претставнички фирми во овој проект, изјави Паласка за новинарите.
„Италија, најверојатно, ќе ни даде одговор по формирањето на новата влада“, додаде тој.
Словенија првично се двоумеше поради загриженоста за еколошки последици.
Ако таа земја одлучи да се повлече „има други опции“ за ПЕОП, АФП го цитираше Владимир Вранковиќ од хрватски Јанаф во понеделникот. Тој, сепак, истакна дека „без Италија, нема да има проект“.