Шефот на НАТО сака Македонија да влезе во Алијансата

22/04/2008

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во понеделникот го посети Скопје, за да ги чуе информациите на владата. Нејзините официјални претставници истакнаа дека Македонија ќе остане во преговарачкиот процес.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 22/04/08

photo

Шефот на НАТО, Јап де Хоп Шефер, дава изјава за новинарите во понеделникот (21-ви април) во Скопје. [Toмислав Георгиев]

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во понеделникот (21-ви април) беше во Скопје, за да се состане со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и министерот за одбрана Лазар Еленовски.

„Мојата лична амбиција е да ја видам вашата земја во НАТО. Верувам дека евроатланската интеграција е клучна за стабилноста на овој регион“, рече Де Хоп Шефер за време на состанокот, скоро три недели откако земјата не успеа да добие покана за влез во Алијансата на самитот во Букурешт.

Тој рече дека сака да се фокусира на решавањето на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција -- пречката што Скопје мора да ја совлада за да влезе во НАТО.

„Имате две можности -- враќање во минатото со лутина, или гледање напред. Јас би сакал на 9-ти јули, кога Албанија и Хрватска ќе го потпишуваат протоколот со НАТО, да имаме и трета земја -- вашата“, им рече Де Хоп Шефер на официјалните претставници.

НАТО нема директна улога во процесот, кој го следат ОН. „Не можам да бидам инструмент во тој процес, но ќе помогнам ако можам“, додаде тој.

Тој изрази надеж дека предвремените избори закажани за 1-ви јуни ќе бидат слободни и фер и дека преговорите околу името на земјата ќе продолжат веднаш потоа.

Црвенковски побара од Де Хоп Шефер да му пренесе на Брисел дека Македонија останува посветена на заложбите да стане полноправна членка на Алијансата што е можно поскоро, што според него е многу важно за стабилноста и регионот. Но, претседателот, исто така, рече дека Македонија не е подготвена да го стори тоа за сметка на можната дестабилизација.

Црвенковски, исто така, истакна дека и покрај предвремените избори, Македонија ќе го продолжи преговорите за спорот околу името.

Де Хоп Шефер се состана и со Груевски, кој рече дека Македонија ќе остане активен и конструктивен учесник во преговорите, според портпаролот на владата Ивица Боцевски.

Тој додаде дека владата, во врска со спорот околу името, ќе постави јасни граници на националниот идентитет и интегритет на Македонија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading