Во Македонија во тек е кампања против пушењето

16/04/2008

Ќе започне да се применува целосна забрана за пушењето на јавни места и производителите ќе мора да печатат фотографии со заболени органи на пушачи на кутиите цигари.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 16/04/08

photo

Maкедонија се приклучува на светската кампања против пушењето. [Getty Images]

Македонската влада го измени Законот за тутун и производи од тутун и Законот за забрана на пушењето минатиот месец, отпочнувајќи интензивна национална кампања против пушењето. Почнувајќи од средината на 2009 година, на кутиите цигари ќе мора да има фотографии со заболени органи на пушачи.

Производителите ќе имаат рок од три месеци откако измените ќе стапат на сила за да ги продадат или повлечат старите кутии цигари на кои нема фотографии.

Ваквите илустративни потсетници на медициските последици од пушењето ќе бидат различни, прикажувајќи заболени од рак бели дробови, блокирани артерии или расипани заби. Целта е да се охрабрат пушачите да се откажат од оваа навика. Комисија на Министерството за здравство, составена од експерти за болести поврзани со пушењето, е задолжена за изборот на фотографии. Македонија ќе биде прва земја во регионот што спроведува ваква кампања.

Поврзани написи

Loading

Тутунската индустрија во Македонија е лута поради промените. Производителите велат дека веќе трошат огромни суми за печатење на потребните натписи и се жалат за значителните нови трошоци што ќе ги имаат за редизајнирање на кутиите цигари заради фотографиите. Тие, исто така, се противат на брзиот почеток на крајните рокови.

Владата, исто така, го измени Законот за забрана на пушењето и го забрани пушењето на сите јавни места, вклучително и оние што не беа покриени со законот во 2006 година. Забраната уследи откако претходната политика на поставување настрана на одделни маси за пушачи во рестораните и другите објекти се покажа како неефикасна за подобрување на квалитетот на воздухот за непушачите.

Во моментов скоро секој ресторан или кафуле во Македонија има назначени маси за пушачи и непушачи. Сепак, исполнетоста на воздухот со чад од цигари е скоро непроменета, бидејќи масите се најчесто едни до други, наместо да бидат во одделни простории. Според новите правила, просториите за пушачи не можат да надминат 50 отсто од целата површина. Оние фирми што ќе го прекршат законот ќе се соочат со остри казни до 4.000 евра.

Студиите покажуваат дена една третина од македонското население пуши по една кутија цигари на ден. Околу 8 отсто од овие пушачи се на возраст помеѓу 13 и 15 години. Само 5 отсто од пушаците планираат да се откажат од оваа навика.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар