Шефот на ОН вели дека резолуцијата на Советот за безбедност за Косово од 1999 година е сé уште на сила

02/04/2008

Со оглед на значителните предизвици со кои се соочува УНМИК од косовското прогласување независност, истиот можеби ќе треба да ги прилагоди своите операции на новата реалност на теренот, вели во својот последен извештај за Косово генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

(Прес-центар на ОН, Балкан инсајт, Бета, Б92 - 01/04/08; AФП - 31/03/08)

photo

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун. [Getty Images]

Резолуцијата за безбедност на ОН 1244 останува на сила за УНМИК и покрај косовското прогласување независност, вели во новиот извештај објавен во вторникот (1-ви април) генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

Мисијата на ОН ќе продолжи да го спроведува својот мандат во согласност со одредбите на документот усвоен во јуни 1999 година „освен ако Советот за безбедност не одлучи поинаку“, вели тој во документот, кој ги покрива настаните во Косово од 16-ти декември 2007 до 1-ви март 2008 година.

Во тој период Косово прогласи независност од Србија, и покрај противењето на Белград и косовските Срби. Декларацијата од 17-ти февруари и настаните што следеа создадоа „значителни предизвици за способноста на УНМИК да ја спроведе административна власт“, според извештајот што Бан го поднесе до Советот за безбедност доцна во понеделниокот.

„Одговарајќи на овие предизвици УНМИК, воден од императивната потреба да го загарантира мирот и безбедноста во Косово, дејствуваше и ќе продолжи да дејствува на реалистичен и практичен начин и земајќи ги предвид настанатите околности.“

Шефот на ОН, сепак, посочи дека настанатата реалност може да бара измени, со цел да му се дозволи на УНМИК да ги примени своите функции во согласност со новите околности.

„Во очекување на насоките од Советот за безбедност, можно е да има потреба УНМИК да ги прилагоди своите операции на настаните и измените на терен, на начин конзинстентен со оперативната рамка поставена со Резолуцијата 1244“, рече Бан.

Редица сериозни инциденти се случија во Косово во текот на периодот опфатен во извештајот, истакна тој, додавајќи дека сепак целокупната безбедносна ситуација останув „смирена, но напната“.

Поврзани написи

Loading

Прогласувањето независност предизвика серија протести од страна на косовските Срби, особено во северниот дел од земјата. Иако демонстрациите беа претежно мирни, инциденти се случија околу 17-ти февруари .

Во врска со нападите на 19-ти февруари, во кои демонстрантите од косовските Срби ги уништија царинските пунктови на премините Јариње и Брњак на косовската граница со Србија, Бан истакна дека секое насилство против персоналот или објектите на УНМИК, или против припадниците на која било косовска заедница, е неприфатливо и не може да се толерира.

Најжестоко насилство изби во Митровица на 17-ти март, кога полицијата на УНМИК и војниците на КФОР беа нападнати додека се обидуваа да ја заземат судската зграда контролирана од ОН во етнички поделениот град, три дена откако истата беше заземена од етничките Срби. Еден полицаец на УНМИК загина, а повеќе од 100 луѓе беа повредени, како припадници на меѓународните сили, така и српски демонстранти. Иако инцидентот не е опфатен во извештајот -- бидејќи се случи по разгледуваната временска рамка -- Бан ги повика сите засегнати да покажат воздржаност.

Целта на напорите на УНМИК е да се осигури дека политичката и безбедносната ситуација во Косово и поширокиот регион ќе остане стабилна, и дека безбедноста и сигурноста на населението се зачувани, истакнува шефот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's