Еленовски: Македонија се докажа како „рамноправен партнер“

01/04/2008

Со учеството во мировните мисии во странство и со спроведувањето на потребните реформи дома, Македонија ја докажа својата посветеност на целите на НАТО, му рече министерот за одбрана, Лазар Еленовски, на дописникот на Southeast European Times Горан Трајков.

Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје - 01/04/08

photo

Maкедонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски. [Toмислав Георгиев]

Southeast European Times: Какви се шансите за членство на Македонија во НАТО и каква ќе биде улогата на Македонија кога ќе стане членка?

Министерот за одбрана Лазар Еленовски: Со постигнатите резултати во сите области од општествениот живот, особено во сегментот на реформите на армијата и учеството во мировните мисии, Република Македонија докажа дека е рамноправен партнер, кој може успешно да се носи со предизвиците на денешницата и да ги брани интересите на Алијансата. За нас, ова претставува придонес за цивилизацијата, за што нашата земја интензивно работи веќе 15 години.

Со спроведувањето на Охридскиот договор, напредокот во економијата, одбраната и другите сегменти, како и исполнувањето на задачите од Акциониот план за членство, ние покажавме брзо преземање на обврските и максимална посветеност на нашата земја на целите на НАТО. Затоа, по девет циклуси, ние можеме да кажеме дека Република Македонија ги исполни основните генерални критериуми за добивање покана за членство.

Покрај ова, како дел од регионот, особено со нашите партнери Албанија и Хрватска, ние покажавме дека работиме за промена, за која многу придонесовме. Пред десет години овој регион беше регион на уништување и крвопролевање, предрасуди и табуа. Денес ова е регион каде што сите луѓе имаат иста цел, а тоа е евроатланската интеграција.

Денес, Република Македонија, заедно со Албанија и Хрватска како дел од Јадранската повелба, се регионални промотери чија обврска е да продолжат да им помагаат на другите земји по нивниот пат, додека не биде финализиран целиот процес на интеграција, како крајна цел. Напредокот кој недвосмислено го истакнуваат нашите сојузници во Алијансата, и надвор од неа, главно го претставува нашиот придонес за светскиот мир и безбедност. Во тој поглед, јас зборувам за придонесот што нашата земја го дава во мировните операции. Република Македонија моментно учествува во четири мировни мисии, со свој најголем контингент во мисијата ИСАФ, која е операција предводена од НАТО во Авганистан.

Покажавме висок степен на учество -- околу 3 отсто од нашите копнени сили, бројка што претставува навистина голем процент за многу земји и во самата Алијанса. Но, ние веруваме дека тоа е наша обврска, како земја рамноправна со нашите останати партнери. Не зборуваме за некоја мала земја во големата Алијанса. Зборуваме за рамноправно преземање на обврските, заедно со останатите земји во Алијансата. Го правиме тоа сега како земја-кандидатка и ќе продолжиме да го правиме и како земја-членка.

SETimes: Дали ги исполни Македонија сите критериуми за членство во НАТО?

photo

Земјите-членки на НАТО ќе го започнат состанокот во Букурешт в среда (2-ри април). [Getty Images]

Eленовски: Говориме за НАТО Алијансата која е заснована на одредени вредности. Тоа е организација каде што основен критериум се остварувањата на општеството и државата или, уште подобро, организација заснована на остварувањата. Во тој поглед, Македонија ги исполни основните критериуми. Ние сме свесни дека секоја трансформација и секоја реформа не претставува пат кој има свој крај: тоа е пат кој продолжува. Македонија е сосема свесна дека она што е направено досега е навистина значајно и дека тоа е огромен напредок кој го рефлектира исполнувањето на основните критериуми. Оттука, ние како земја продолжуваме да ги градиме нашите реформи и стратешкиот интерес како дел од широката демократска заедница.

Поврзани написи

Loading

SETimes: Дали е способна Македонија успешно да го избегне грчкото вето?

Еленовски: Прашањето на грчкото вето, за жал, се интензивираше и тоа во моментов кулминира. Како што кажавме и порано, имајќи го предвид тоа што НАТО Алијансата е заснована на вредности и остварувања, грчкото вето во врска со спорот околу името едноставно не е во духот на Алијансата и она што таа го претставува. Најголем дел од претставниците на другите земји-членки сметаат дека ова прашање е билатерално политичко прашање, и дека не му е местото во НАТО, туку во ОН, каде што е започнат процес на преговори од страна на посредникот на ОН, Метју Нимиц. Јас верувам дека грчкото вето е типичен инструмент на Студената војна, но не и на новото НАТО. Тоа, едноставно, не е решение. Се надевам дека не само Македонија, туку првенствено нашите сојузници и оние кои ја поддржуваат Алијансата и регионот, ќе успеат да најдат оптимистичко решение. Верувам дека решението што ќе се најде треба да биде такво што нема да ја загрози идната интеграција на регионот на сите три земји.

SETimes: Какво е влијанието на независноста на Косово на регионалната стабилност, особено во Македонија?

Еленовски: Како што знаете, Македонија официјално го прифати планот на Ахтисари. Ние сметавме дека тоа е добро решение и дека е, пред сé, демократско и визионерско решение за идната интеграција на регионот. Уште еднаш ќе нагласам дека конечната цел и интерес за нас е интеграцијата на целиот регион во НАТО Алијансата и ЕУ. Оттука, планот на Ахтисари беше прифатлив за нас. Сега, клучно за граѓаните и демократското општество во Косово е да влезат во фаза на забрзано спроведување на планот, со што ќе се докажат и ќе ја стекнат довербата и почитта на меѓународната заедница во градењето на модерно и демократско општество. Многу е важно да се продолжи со брзото спроведување токму од оние причини што и самите ги истакнувате во вашето прашање, а тоа е безбедноста на регионот. Ова е едно од двете прашања што и самата Алијанса ги истакна како приоритети во 2008 година -- финализирањето на косовското прашање и давањето три покани за земјите од Јадранската повелба. Како што можеме да видиме, досега немаше некои поголеми безбедносни ризици од прогласувањето на независноста. Од друга страна, треба да знаеме дека 16.000 војници на НАТО и КФОР се присутни во Косово, гарантирајќи ја безбедноста и стабилноста на земјата. Сега, многу е важно не само за другите земји, туку особено за Република Србија, да продолжи да оди по патот кон евроатланската интеграција, со оглед на тоа што сите земји и народи во регионот й припаѓаат на Европа и се Европјани. Тоа би било вистинското решение за конечната интеграција на регионот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар