Албанија ќе приватизира три државни претпријатија оваа година

28/03/2008

Албанската влада планира до крајот на годинава да приватизира три од најважните државни претпријатија -- последниот голем државен имот.

Од Јонилда Коци за Southeast European Times во Тирана – 28/01/08

photo

Светската банка планира да й помогне на Албанија во продажбата на застарените далноводи на своето претпријатие за електростопанство, КЕШ. [Getty Images]

Премиерот Сали Бериша на владиниот состанок во јануари рече дека владата има намера да ги приватизира трите важни државни претпријатија во енергетскиот, нафтениот и осигурителниот сектор до крајот на 2008 година.

„Оваа година ќе биде одбележана со серија приватизации, бидејќи ние се сметаме себеси за либерална власт која верува во слободната иницијатива“, им рече Бериша на министрите. Неговата цел е да се приватизира КЕШ, дистрибутивната гранка на албанското претпријатие за електростопанство, АРМО, единствената нафтена рафинерија во земјата и ИНСИГ, единственото државно осигурително претпријатие.

Министерството за трговија, економија и енергија на 15-ти февруари го објави отворањето на меѓународен тендер за приватизација на 85 отсто од акциите на АРМО. Понудите ќе бидат разгледувани на 21-ви мај.

AРМО генерира камата од најмалку 20 претпријатија на продажбата што би можела да достигне 84,7 милиони евра. Американското претпријатие „Петон богс“ ќе биде правен советник на албанската влада.

Коментирајќи за продажбата, Бериша рече: „Една од главните критериуми ќе биде купувачот да инвестира за да помогне во развојот на овој клучен сектор“.

Владата, исто така, ја одобри приватизација на својата енергетска индустрија по две години проблеми со снабдувањето со енергија. Повремените прекини на струја -- вклучително и во Тирана -- може да го земат својот данок во економскиот раст, кој достигнува просечно околу 6 отсто, но може да падне ако кризата не биде решена.

Поврзани написи

Loading

КЕШ е единственото претпријатие што ја снабдува земјата со енергија, и е изложено на критики поради последователните енергетски кризи. Во обид за нивно олеснување, КЕШ доби владини субвенции за да се осигури дека ги има потребните финансиски средства за увоз на енергија.

За да ја олесни приватизацијата, КЕШ е поделен на три помали претпријатија -- кои се занимаваат со дистрибуција, производство и пренос на енергија. Дезинвестирањето ќе биде надгледувано од стана на Светската банка, која ќе й помогне на Албанија да ги продаде застарените далноводи на КЕШ.

ИНСИГ, пак, драстично го губи својот удел на пазарот во текот на последнава деценија, поради зголемената конкуренција. Во јули 2003 година владата продаде 40 отсто од акциите на ИНСИГ на меѓународните институции ИФЦ и ЕБРД. Моментно претпријатието е подготвено за целосна приватизација.

Напорите за приватизација се структуирани со помош на Меѓународната финансиска корпорација, Светската банка и УСАИД.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар