Незадоволителната административна работа и управувањето, го ограничуваат користењето од страна на Хрватска на фондовите на ЕУ

27/03/2008

Брисел одвои 750 милиони евра за помош во реформите во Хрватска. Но, официјалните претставници велат дека во пракса се користат малку од овие пари, бидејќи властите не го сфаќаат сериозно процесот на апликација.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 27/03/08

photo

Премиерот Иво Санадер вели дека е свесен за проблемот. [Getty Images]

Брисел ги блокираше 5-те милиони евра од фондовите на ЕУ за Хрватска до крајот на овој месец, како симболичен чекор за привлекување внимание на несоодветното управување на властите во Загреб.

„Сакаме да видиме подобрување“ во начинот на кој се управува со овие средства, се вели во соопштението за печатот на амбасадата на Европската комисија во Загреб.

Вкупно 750 милиони евра се одвоени од страна на Брисел за различни програми во Хрватска. Иако парите -- обезбедени од програмата за земјите-кандидатки Инструмент за предпристапна помош (ИПА) -- се наменети за олеснување на реформите, претставниците на ЕУ велат дека слабите подготовки и управувањето резултирале со загубен потенцијал.

На пример, Хрватска не успеа да ги искористи парите од фондот за еколошка и инфраструктурна заштита. Земјата досега предложи проекти во висина од 0.5 отсто од фондот од 35 милиони евра.

Финансиската помош на ЕУ е на располагање за различни клучни реформски задачи, вклучително и зголемувањето на демократизацијата, зајакнување на институциите, подобрување на регионалната соработка и економските реформи. За секој проект финансиран од ИПА мора да се поднесе валидна документација и да биде проценет од страна на претставниците на ЕУ.

Хрватска доби првично предупредување во ноември 2007 година за начинот на кој раководи со помошта на ЕУ. Според извештајот за напредокот тогаш „прашањето на раководењето со средствата на ЕУ мора да биде веднаш решено, бидејќи администрацијата во Загреб покажува одредени сериозни назадувања“.

Поврзани написи

Loading

Според Брисел, најсериозен проблем е лошо подготвената документација, поднесена без потребното објаснување и проекции. Како резултат на ваквата фушерска работа, велат официјалните претставници, повеќето проекти не успеале да ја поминат фазата на верификација.

„Можете да ја почувствувате разликата ... како да не постои вистинска грижа дали проектот ќе добие пари или не“, се цитира еден странски дипломат во Нови лист.

Премиерот Иво Санадер потврди дека има проблем. „Ќе решиме сé и ќе го ставиме процесот во петта брзина“, вети тој по победата на вториот круг од изборите во ноември 2007 година.

Добивањето пристап до средствата на ЕУ не е едноставна задача. Процесот на верификација има строги критериуми и бара програмските предлози да бидат детално и професионално напишани. Од сите апликации на ЕУ во текот на годината, Ирска беше најуспешна во оваа област, успевајќи да добие 75 отсто од финансиската помош наменета за неа. Во просек, земјите имаат околу 35 отсто шанси за успех.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар