Во вторник започнува судскиот процес за воени злосторства против Готовина, Маркач и Чермак

10/03/2008

Судењето на тројцата хрватски генерали од висок профил, обвинети за злосторствата извршени во 1995 година треба да започна во вторник во Хашкиот трибунал.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 10/03/08

photo

Меѓународниот кривичен суд во Хаг. [Getty Images]

Судењето на тројцата пензионирани генерали кои се обвинети за злосторствата извршени за време на војната во Хрватска во 1995 година, започнува во вторник (11-ти март).

Генералите -- Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач -- се обвинети за злосторства против човештвото и кршење на воените правила за време на операцијата Бура, која траеше од јули до 30-ти септември 1995 година, во области на Хрватска кои беа окупирани од Србите.

Тие се соочуваат со седум точки од обвинението, вклучително и убиство, прогон и нехумани дејства за време и по враќањето на контролата над регионот Краина од страна на хрватските трупи. Тие се изјаснија за невини за време на првото рочиште пред судот и подоцна, кога нивните обвиненија беа делумно променети.

Во времето на операцијата, Готовина беше командант на Сплитскиот воен округ на Хрватската армија (ХВ) -- со кој тој командуваше од 1992 до 1996 година. Чермак беше командант на Книнскиот гарнизон и највисока хрватска воена власт во рамките на јурисдикцијата на гарнизонот, а Маркач беше командант на специјалната полиција на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани написи

Loading

Судската постапка која водеше до судењето, покажа дека обвинението е можно да резултира со значителни разлики помеѓу тројцата обвинети. Бидејќи секоја стратегија се заснова на поткопување на другиот, медиумските аналитичари и независните правни експерти предвидуваат дека за време на судската постапка тројцата генерали е можно да се обвинуваат меѓусебно за кривични дејства врз основа на своите одделни командни надлежности.

Судењето се очекува да привлече силно медиумско и јавно внимание во Хрватска, каде што тројцата се сметаат за национални херои. Готовина е икона на десничарските конзервативци, кои сметаат дека тој е заслужен за ослободувањето на земјата во воената акција во 1995 година.

Готовина беше уапсен во декември 2005 година и оттогаш се наоѓа во притворот на Хашкиот трибунал во Шевенинген. Маркач доби условна слобода, но не ги почитуваше правилата и доби наредба да се врати во Хаг. Чермак се наоѓа во притвор во Загреб, во очекување на судењето.

Судењето не се очекува да заврши пред крајот на годинава. Според надворешната стратегија на Трибуналот, сите жалби би можеле да бидат финализирани до 2010 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар