Хрватска се очекува да добие покана за НАТО на самитот во Букурешт

06/03/2008

Хрватска, Албанија и Македонија се надеваат на добивање покани на самитот на НАТО следниот месец во Букурешт. Поканите би можеле да значат членство во 2009 година.

Од Ана Блажевиќ за Southeast European Times во Загреб - 06/03/08

photo

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (десно), и романскиот претседател Трајан Башеску го гледаат билбордот за претстојниот самит на НАТО во Букурешт. [Getty Images]

Хрватска, Албанија и Македонија се надеваат дека ќе добијат покани од НАТО за влез во Алијансата на самитот во април во Букурешт. Министрите за надворешни работи на НАТО имаат состанок во среда (6-ти март) во Брисел, на само неколку недели пред самитот.

Романскиот министер за надворешни работи, Адријан Чиориану, го увери својот хрватски колега, Гордан Јандроковиќ, дека Загреб може да очекува покана за членство.

Во Вашингтон, американскиот сенатор Ричард Лугар, член на комитетот за надворешни односи, предложи американскиот сенат да ги поддржи Хрватска, Албанија и Македонија да добијат покани во април. Лугар рече дека секоја од нив „ќе одигра важна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во Југоисточна Европа“.

Сепак, американскиот претседател Џорџ В.Буш не ветува ништо. По состанокот со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во петокот, Буш рече дека и покрај тоа што Соединетите Држави ја поддржуваат идејата, истовремено тие сметаат дека трите земји мора да бидат повикани да ги забрзаат неопходните измени.

„Со нетрпение ја очекувам оценката за напредокот што овие три нации го постигнаа ... пред да гласаме за проширувањето“, рече Буш на прес-конференцијата по неговиот состанок со шефот на НАТО.

Де Хоп Шефер се согласи со потребата за тековните политички, економски и воени реформи и потврди дека ќе има гласање за проширување во Букурешт.

Иако Буш и Де Хоп Шефер се внимателни со своите предвидувања, независноста на Косово и последователната реакција на Србија се силна мотивација за вклучување на трите земји од Југоисточна Европа во Алијансата, со оглед на тоа што нивното членство во НАТО значително ќе ја зголеми стабилноста во регионот.

Сепак, македонските шанси се загрозени од најавата на Грција дека ќе стави вето на поканата ако не биде решен грчко-македонскиот спор околу името.

Дводневниот самит во Букурешт започнува на 2-ри април.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading