Tурската војска соопшти дека трупите се повлекле од Ирак

29/02/2008

Турција во петокот потврди дека ја заврши својата копнена офанзива во северен Ирак.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 29/02/08

photo

Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс (десно), учествуваше на церемонијата на полагање венец во четвртокот (28-ми февруари) на Споменикот Антикабир во Анкара. Гејтс ја повика Турција веднаш да стави крај на својот воен упад во северен Ирак. [Getty Images]

Ирачките и турските претставници во петокот (29-ти февруари) рекоа дека турските трупи се повлекоа од Ирак, по осумдневната копнена офанзива против терористите на Курдистанската работничка партија (ПКК).

„Сите турски трупи ... се вратија на турската страна на меѓународната граница. Ние го поздравуваме ова и сметаме дека Турција ја направи вистинската работа“, изјави за новинарите во петокот министерот за надворешни работи, Хошјар Забари, кој е етнички Курд. Во изјавата објавена на неговата веб-страница, турскиот Генералштаб го потврди потегот. Според истиот, целите се постигнати.

„Повеќето скривалишта во северен Ирак на терористичката група ПКК, средствата за комуникација, противавионската опрема и резервите, се уништени“, се вели во соопштението. „Со тоа, првичните цели на копнената операција се исполнети, при што турските војници се вратија утрото на 29-ти февруари 2008 година во воените бази во Турција, по завршувањето на последните пребарувања.“

Почнувајќи од 21-ви февруари, илјадници турски војници беа испратени во оддалечените, планински области на северен Ирак, за да ги истребат базите што ги користи ПКК за спроведување напади на турската територија. Вашингтон стравуваше дека упадот би можел да ја дестабилизира областа во Ирак, која е релативно мирна.

Смирувајќи ги овие стравувања, американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, во четвртокот во Анкара се состана со турските претставници и побара Турција и нејзината офанзива да заврши што е можно побргу. Турските претставници му рекоа дека војниците во северен Ирак ќе бидат повлечени „веднаш штом ќе бидат остварени целите“.

„Турските војници ќе се вратат дома откако ќе бидат уништени скривалиштата на ПКК“, рече министерот за одбрана, Веџди Гонул. „Турција нема намера да се меша во ирачката внатрешна политика, ниту пак има намера да окупира некоја област“, додаде тој.

Говорејќи на прес-конференцијата во четвртокот во Вашингтон, американскиот претседател Џорџ В.Буш рече дека Турција треба да стави крај на упадот што е можно поскоро. „Турција мора да се движат, и тоа брзо, да ги постигнат своите цели и да излезат“, Гласот на Америка ја цитираше изјавата на Буш.

Но, тој вети континуирана американска поддршка за напорите на Турција за борба против терористите на ПКК. „Турците, Американците и Ирачаните -- вклучително и ирачките Курди -- имаат заеднички непријател во ПКК“, рече тој.

Регионалната администрација на ирачките Курди ја критикуваше турската копнена офанзива како „политички насочена против курдистанската регионална влада“.

Турската војска вели дека убила 237 бунтовници во текот на осумдневната копнена офанзива, а 24 војници биле убиени. ПКК дава контрадикторни бројки, велејќи дека убила повеќе од 100 војници.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading