Македонија би можела да добие датум за почеток на разговорите со ЕУ до крајот на оваа година

27/02/2008

Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во вторникот му рече на македонскиот претседател Бранко Црвенковски дека неговата земја би можела да добие датум за почеток на разговорите за членство со Унијата наесен, ако ги спроведе потребните реформи.

(Maкфакс, Утрински весник - 27/02/08; МИА, Макфакс, АП, Балкан инсајт - 26/02/08)

photo

Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен (десно), и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во вторникот (26-ти февруари) одржаа прес-конференција по нивниот состанок во седиштето на ЕУ во Брисел. [Getty Images]

Македонија би можела да добие датум за почеток на своите преговори за членство со ЕУ оваа есен, ако ги исполни условите, посочи во вторникот (26-ти февруари) шефотза проширување на блокот од 27 земји.

Говорејќи по разговорите со македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Брисел, комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, рече дека ќе претстави листа со стандарди пред официјалните претставници во Скопје следната недела. Тие ќе вклучуваат најразлични области, како што се политичкиот дијалог, судските реформи и борбата против корупцијата, како и обврските што земјата веќе ги презеде како дел од својот Договор за стабилизација и асоцијација со Унијата.

Европската комисија ќе го оцени напредокот на Македонија во спроведувањето на потребните реформи во својот извештај во ноември.

Повикувајќи го Скопје да се фокусира на исполнувањето на „стандардите и клучните приоритети“ до оваа есен, Рен ја опиша оваа задача како „многу амбициозна, но истовремено и реална“.

Македонија чека датум за почеток на своите преговори за членство со Брисел откако доби официјално признание како земја-членка на ЕУ во декември 2005 година.

Црвенковски изрази уверување дека неговата земја има „потенцијал и можност“ да ја постигне таа цел „до крајот на 2008 година“, како и успешно да ги заврши своите разговори за либерализација на визниот режим со блокот.

Македонија, исто така, се надева дека ќе добие покана за влез во НАТО на самитот на Алијансата во Букурешт на почетокот од април.

Но, членката на ЕУ и НАТО, Грција, се закани дека ќе го блокира пристапот на својот северен сосед во двете организации ако спорот околу името помеѓу двете земји не биде решен.

Грција, која има провинција која се вика Македонија, се противи на тоа нејзиниот сосед да го користи истото име, велејќи дека тоа имплицира можни територијални претензии.

Претходно овој месец, претставникот на ОН, Метју Нимиц, кој има задача да им помогне на Атина и Скопје да изнајдат решение за својот 17 години стар спор, им претстави неколку можни решенија на двете страни. Тој в петок во Њујорк треба да се состане со нивните претставници на нови разговори.

Не изнесувајќи никакви детали околу можниот одговор на Македонија на предлозите на Нимиц, Црвенковски јасно стави до знаење дека за неговата земја нема да биде прифатливо секое решение.

Поврзани написи

Loading

Повикувајќи се на извештаите во македонските медиуми, АП во вторникот посочи две од пет алтернативни решенија што ги предложи Нимиц -- Демократска Република Македонија и Независна Република Македонија -- како решенија што се чини дека се прифатливи за Скопје.

Истакнувајќи дека спорот околу името помеѓу Македонија и Грција претставува билатерално прашање, Рен изрази надеж дека истото наскоро ќе биде решено.

„ЕУ им придава голема важност на добрососедските односи и ги смета за релативно важен принцип за процесот на евроатланска интеграција“, македонската новинска агенција МИА го цитираше комесарот.

Друго прашање за кое тој и Црвенковски разговараа во вторникот беше Косово. Црвенковски рече дека Македонија ќе ја признае како независна држава тогаш кога „ќе смета дека е најсоодветно за нашите интереси“, истовремено следејќи ја позицијата на ЕУ и НАТО околу ова прашање.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар