Македонија и Грција се подготвуваат да одговорат на предлогот за спорот околу името

26/02/2008

Македонија и Грција работат на дефинирањето на своите позиции во врска со последниот предлог на претставникот на ОН Метју Нимиц, за решавање на долготрајниот спор околу името.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 26/02/08

photo

Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц (десно), македонскиот преговарач Никола Димитров (лево), и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, даваат изјава за новинарите, по продолжението на разговорите за спорот околу името во Атина на 19-ти февруари. [Getty Images]

Владите на Грција и Македонија подготвуваат одговори на пакетот решенија на претставникот на ОН Метју Нимиц во спорот околу името помеѓу земјите, кој тој го предложи во Атина на 19-ти февруари.

Одговорот на Македонија ќе биде претставен на следниот состанок со претставникот, објави во неделата (24-ти февруари) министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, по состанокот со македонскиот државен и политички врв.

Премиерот Никола Груевски во вторникот изјави: „Сé што е негативно во овој предлог ќе биде категорички отфрлено, а сé што е позитивно ние ќе го прифатиме. Ќе објасниме што е позитивно, а што негативно за нас.“

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, ја информираше владата и доби позитивни реакции. Опозициските партиски водачи, пак, рекоа дека не можат да прифатат „двојно решение“ -- според кое Македонија ќе го користи своето уставно име во домашните и билатералните односи, а сложено име во односите со меѓународните организации и за пасошите.

„Предлозите на г-дин Нимиц се почеток на едни конструктивни преговори“, рече Бакојани. „Дојде време да се реши ова прашање еднаш засекогаш ... Да го оставиме минатото зад нас и да најдеме решение.“

Времето кога беше даден овој предлог се смета за значајно, во очекување на следниот самит на НАТО во Букурешт. И навистина, Нимиц побара одговор од двете влади пред самитот на почетокот од април. Македонија очекува да добие покана за членство, но Грција се заканува дека ќе го блокира пристапот на Македонија како во НАТО, така и во ЕУ, ако не биде решен спорот.

Предлогот на Нимиц, наводно, содржи имиња како што се: Нова Република Македонија, Северна Република Македонија, Уставна Република Македонија, Демократска Република Македонија и Независна Република Македонија.

Поврзани написи

Loading

Во моментов Македонија официјално се нарекува поранешна југословенска република Македонија или ПЈРП (ФИРОМ), во ОН. Сепак, и покрај противењата на Грција, земјата сé уште го користи името Република Македонија на билатералните состаноци.

Според околу името произлегува од тврдењето на Грција дека името Македонија, кое земјата го избра по добивањето независност од Југославија во 1991 година, имплицира територијални претензии за северената грчка провинција со истото име.

„Понудата е сложена и бара компромис“, рече Нимиц по состанокот во Атина. Тој истакна дека и покрај тоа што понудата го зема предвид достоинството на двете страни, истата вклучува и елементи што истовремено ќе бидат тешки за двете земји. „Сепак, понудата ќе води до решение“, рече тој.

Запрашан дали влезот во НАТО е понуда „земи или остави“, Нимиц рече дека го разбрал контекстот, но дека самитот на НАТО нема никаква врска со неговиот мандат и дека тој не верува во понуди „земи или остави“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар