Претставникот на ЕУ Фејт допатува во Косово за да ја предводи мисијата.

21/02/2008

Специјалниот претставник за ЕУ, Питер Фејт, во средата допатува во Косово за да ја следи новата мисија на ЕУ, ЕУЛЕКС. По состанокот со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, Фејт се обиде да ги смири српските стравувања во врска со мисијата.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина -- 21/02/08

photo

„Мисијата на ЕУ ќе биде присутна во цело Косово, вклучително и во северно Косово. Србите треба да знаат дека ЕУЛЕКС ќе ги загарантира правата на сите заедници“, рече специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт (лево, со претседателот Фатмир Сејдиу). [Лаура Хасани]

Специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, во средата (20-ти февруари) допатува во Приштина и се состана со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Фејт ќе ја надгледува мисијата на ЕУ од 1.800 припадници, која ќе му помага на Косово во воспоставувањето на административната инфраструктура што му е потребна сега откако прогласи независност.

По состанокот со Сејдиу, Фејт рече дека српската заедница треба да сфати оти новата мисија на ЕУ, наречена ЕУЛЕКС, не претставува закана.

„Мисијата на ЕУ ќе биде присутна во цело Косово, вклучително и во северно Косово. Србите треба да знаат дека ЕУЛЕКС ќе ги загарантира правата на сите заедници“, рече Фејт.

Тој објасни дека ЕУЛЕКС е, исто така, од полза и за српската заедница. „Ние нема да се повлечеме од северот на Косовска Митровица“, рече тој. „Треба да имаме многу потесна соработка со Србите, но сме во контакт и со Белград.“

Фејт во средата посочи дека го започна својот мандат.

„Сега го испраќам во Косово мојот персонал -- персоналот на канцеларијата на специјалниот претставник -- и ние формираме Меѓународна цивилна канцеларија“, рече Фејт. Тој, исто така, најави дека поранешниот командант на КФОР, генерал-полковник Ив де Кермабон, ќе допатува во текот на следните неколку недели за да ја преземе функцијата на шеф на ЕУЛЕКС.

Според Фејт, ќе има период на транзиција од четири месеци, во текот на кој ЕУ и НАТО ќе бидат под оперативна контрола. „Сите ќе работиме според резолуцијата 1244. Оваа резолуција има цврста основа за воспоставување на мисијата на ЕУ во Косово“, изјави тој за новинарите во средата, еден ден по посетата на Приштина од страна на шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана.

Поврзани написи

Loading

„Ќе бидам тука да ја советувам косовската влада и сум решен планот на [поранешниот претставник на ОН Марти] Aхтисари да биде спроведен“, рече тој.

Фејт рече дека -- во соработка со косовската влада -- тој ќе ги убеди Србите оти Косово е нивни дом и дека можат да работат и живеат како и другите заедници.

„Треба да сфатат дека се добредојдени да работат за иднината во Косово“, рече тој.

Сејдиу рече дека Фејт ја разбира ситуацијата во Косово многу добро и го опиша како „многу искусен човек во меѓународните мандати“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар