14/02/2008
Стотици работни места би можеле да се отворат ако касарната Драчевац стане новото место на Сплитскиот саем.
Од Иво Шчепановиќ за Southeast European Times во Загреб --14/02/08
![]() Хрватскиот претседател Стипе Месиќ ја предложи иницијативата. [Getty Images] |
На иницијатива на хрватскиот претседател Стипе Месиќ, касарната во близина на Сплит би можела да стане најголемото сајмиште во земјата.
На отворањето минатата година на Саемот за алати САСО, дел од Сплитскиот саем, Месиќ предложи општина Сплит да ја преземе касарната во Драчевац и да го пренамени целиот комплекс за цивилна употреба, како место за саем. Месиќ, исто така, предложи другиот воен имот да им биде предаден на цивилните власти за економски потреби.
Бизнисменот Игор Багариќ ја поздрави иницијативата. Според него, Драчевац е совршена локација која ќе го крене Сплитскиот саем на повисоко ниво. Сегашната локација во Зњан, јужно од Сплит, има површина од само 15.000 квадратни метри, додека Драчевац ќе нуди 40 отсто повеќе простор.
„Сегашниот Сплитски саем не нуди доволно простор за сите потенцијални изложувачи. Оваа година, на Саемот за алати САСО во октомври, имавме повеќе од 2.000 изложувачи од 16 земји. Повеќе претпријатија сакаа да изложуваат, но не можеа поради ограничениот простор“, рече Багариќ.
Тој смета дека Драчевац би можел да стане локација на саемот уште оваа година, во зависност од тоа колку брзо касарната може да се трансформира. „Општина Сплит и државата ќе имаат можност да создадат сајмиште и конгресен центар со европски стандарди во Драчевац. Изградбата би можела да трае една година, но Саемот САСО би можел да се одржи во Драчевац, ако не во 2008, тогаш во 2009 година, по што Сплитскиот саем би почнал да рабои преку целата година“, рече Багариќ.
Првите проценки покажуваат дека е потребна инвестиција од 54 милиони евра. Сепак, економското влијание би можело да биде многу позитивно, со создавање на повеќе од 900 работни места.
„Досега Сплитскиот саем помогна во промовирањето на градот Сплит, што, од друга страна, ја зајакнува економијата на градот“, вели градоначалникот Иван Курет. „Просторната ограниченост на сегашниот саем во Зњан не принудува да бараме нов простор за саемот, како што е Драчевац. Ако ја забрзаме изградбата, наскоро може да постигнеме многу подобри услови за Сплитскиот саем.“
Локалните медиуми веќе го споредуваат Сплитскиот саем со Загребскиот саем, кој е водечки саем во Југоисточна Европа и 11-ти по големина во светот. Во меѓувреме, армијата ги ослободи просториите во Драчевац, оставајќи го теренот слободен за нова улога.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's