07/02/2008
Македонската влада сака да го брендира ајварот, производ кој е присутен во целиот регион.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје - 07/02/08
![]() Ајварот се прави од црвени пиперки и модар патлиџан. [Maкедонска влада] |
Ајварот е популарно јадење што се мачка на леб од Југоисточна Европа, кое се приготвува од црвени пиперки и модар патлиџан, а се разликува во одредена мера од регион до регион и традиционално се прави во домовите на есен. Иако тој може да се најде во многу земји, македонската влада се обидува да го заштити како производ под името „македонски ајвар“.
Ако Заводот за заштита на индустриска сопственост го регистрира, овој бренд ќе добие заштита како производ со одредено географско потекло. Македонија тогаш ќе може да бара меѓународна заштита преку билатералните договори со земјите што го увезуваат, според Министерството за земјоделство.
Сепак, Заводот вели дека едно словенечко претпријатие веќе се обидело да го патентира производот во Германија. Обидот не успеал бидејќи ајварот се смета за генеричко име за јадење што се мачка и со тоа не може да биде предмет на заштита како трговска марка и сопственост на една земја.
Сепак, Скопје продолжува со намерата. „Македонската влада се обидува да го направи ајварот светски познат производ“, вели портпаролот на владата, Ивица Боцевски. „Брендирањето ќе овозможи производството да се стандардизира и состојките и неговото приготвување да се најдат на етикетите. Ова, од друга страна, ќе загарантира квалитет и конкурентност дома и на светските пазари.“
Владата формираше работна група која ќе подготви стандардизирани протоколи за состојките, рецептот и производството. Производителите ќе мора да се придржуваат на строго утврдените правила и еднаш годишно да носат примероци во Технолошко-металуршкиот факултет заради контрола на квалитетот.
Македонските власти потврдија дека ајварот се произведува во многу земји под различно име. Сепак, во случајот со „македонскиот ајвар“ тие тврдат дека бараат заштита за традиционалната, локална варијанта чиј квалитет го проверуваат државните институции.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's