Продолжува дипломатскиот спор Загреб-Љубљана

07/02/2008

Загреб и Љубљана и понатаму водат битка на зборови поради контроверзната заштитена рибарска зона. Со новото вклучување на ЕУ и предупредувањата, ситуацијата мора да се реши, велат официјалните претставници.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 07/02/08

photo

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вели дека може да се најде взаемно прифатливо решение. [Getty Images]

Словенија во вторникот (5-ти февруари) официјално изрази противење на заштитената рибарска зона (ЗЕРП), која Хрватска ја спроведе на почетокот од годинава. Зоната, која ги погодува земјите-членки на ЕУ, Словенија и Италија, е главна причина за расправиите.

И покрај интензивните разговори помеѓу дипломатите и официјалните претставници, ниту едно решение досега не беше прифатливо за двете страни. Проблемот уште повеќе го компликува тековниот територијален спор помеѓу Хрватска и Словенија.

Претходно оваа недела хрватскиот премиер Иво Санадер посочидека Словенија -- која моментно претседава со ЕУ -- ја блокира кандидатурата на Хрватска за пристап поради несогласувањето.

Но, според словенечкиот премиер Јанез Јанша, Хрватска не ги исполнила условите за отворање на преговори со ЕУ за поглавјето од аквисот што се однесува на риболовот.

„Ние не ги блокираме преговорите за риболовот, туку се работи за разбирлива позиција на Словенија“, рече Јанша во вторникот. Тој инсистираше на тоа дека може да се најде взаемно прифатливо решение за проблемот.

Јанша рече дека е подготвен да се состане со Санадер, но само ако биде вклучена и Италија.

„Состанокот нема да биде само помеѓу Љубљана и Загреб, туку ќе биде и состанок во истите рамки како оној кога беше постигнат договорот во 2004 година -- со соработка на Европската комисија и вклученост на Италија“, изјави тој за новинарите.

Прашањето на ЗЕРП се заканува да ја забави кандидатурата на Хрватска за влез во ЕУ, во време кога се чини дека истата е подготвена да напредува брзо.

Ханс Свобода, известувач на Европскиот парламент за Хрватска, ја предводеше делегацијата во Загреб оваа недела. Во разговорите со Санадер тој рече дека Хрватска би можела да го заокружи процесот на пристап во ЕУ до крајот на 2009 година.

Санадер рече дека неговата влада се надева „дека ќе заврши поголем дел од работата“ оваа година. Но, сé додека трае спорот со Хрватска, некои поглавја од преговорите е можно да останат блокирани.

Поврзани написи

Loading

Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, ги повика сите страни во спорот да избегнуваат ескалација на тензиите и наместо тоа да направат сериозни напори за изнаоѓање политичко решение „во европскиот дух на компромис и добрососедски односи“, рече Рен во средата.

Минатата недела хрватскиот претседател Стипе Месиќ имаше неформален состанок со својот словенечки колега, Данило Турк, во обид за смирување на ситуацијата. Тие ги повикаа своите влади да го решат спорот и да ги надминат проблемите на пријателски начин.

„Треба да ја поздравиме взаемната почит и да избегнуваме изјави кои се негативни и не треба да се дел од нашиот дијалог“, рече Турк по состанокот на 1-ви февруари.

„Мора да стане јасно дека ние имаме добри односи со Словенија, освен неколкуте отворени прашања“, рече Месиќ, додавајќи дека Загреб и Љубљана треба да седнат на маса и да разговараат за нерешените прашања.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар