Семејствата на пожарникарите од Корнати бараат 1,1 милион евра

31/01/2008

Дванаесет пожарникари загинаа на островот Корнати во август 2007 година, од кои некои имаа само 17 години. Сега нивните семејства бараат отштета во висина од 1,1 милион евра.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 31/01/08

photo

Дванаесетте пожарникари се бореа со пожарите на островот Корнати. [Getty Images]

Семејствата на 12-те пожарникари кои загинаа на островот Корнати во Хрватска, бараат отштета во вкупна висина од 1,1 милион евра, при што семејствата на најмладите жртви бараат највисоки суми. Локалните власти во Водњан и Тисно ќе бидат одговорни ако судот одреди исплата.

Кога изби пожарот во националниот парк Корнати во август 2007 година, 23 пожарникари беа истоварени со хеликоптер на островот. Мажите се поделија неколкупати додека тим од 13 пожарникари не беше заробен помеѓу два рида без вода бидејќи големата метална кутија со вода беше фрлена 500 метри понастрана.

Барајќи заштитен ѕид, тимот беше опколен. Иако тревата што гореше беше висока само 10 сантиметри, пожарникарите ја немаа неопходната опрема -- а некои велат и обука -- за да се борат со пожарот и останаа заробени.

Шестмина починаа на лице место, додека седуммина други се здобија со тешки изгореници и чекаа повеќе од два часа за помош. Дванаесет од тринаесетте пожарникари загинаа, од кои некои имаа само 17 години.

Пожарот немаше каде да се шири на островот и наскоро природно згасна, покренувајќи прашањата за неопходноста на операцијата. Покрај тоа, шефот на планинската спасувачка служба, Стипе Божиќ, рече дека некои околности, како што е немањето на сигнал за мобилни телефони и временските услови на островот, ја отежнале спасувачката операција.

Полицијата утврди дека причина за пожарот бил отпушок од цигара фрлен во тревата од страна на Паско Петрина, 20-годишен рецепционер во паркот. Тој се соочува со затворска казна во траење од три години, за загрозување на јавната безбедност, според извештајот на државното обвинителство.

Директорот на противпожарната служба, Младен Јурин, и командирот на противпожарната служба на шибенската жупанија, Дражен Славица, поднесоа оставка по трагедијата бидејќи чувствуваа „морална одговорност“. Славица беше притворен на 6-ти септември додека властите утврдуваа дали сноси командна одговорност за трагедијата. Тој беше ослободен на 6-ти октомври, кога заврши истрагата.

Поврзани написи

Loading

Фране Лучиќ (23), единствениот преживеан пожарникар, беше отпуштен од општата сплитска болница на Божиќ. Тој преживеа тешки изгореници, беше во критична состојба со денови и му беа извршени неколку операции.

Тој сé уште се движи и говори бавно, ги изгуби прстите на двете раце и зависи од помошта на другите бидејќи двете тупаници му се целосно изгорени и оштетени.

Во интервјуто за дневниот весник Слободна Далмацијa, Лучиќ го опиша пожарот. „Видовме како пожарот брзо се приближува. Не можевме да дишиме и почнавме да бегаме, фрлајќи ја опремата. Трчав како никогаш дотогаш, но пожарот не фати“, рече тој.

„Додека горев, успеав да го ставам шлемот, што ми го спаси лицето. Се фрлив во тревата, но тоа ми ги изгоре рацете“, додаде тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар