Турција дебатира за „зависноста“ од иранскиот гас

18/01/2008

Прекинувањето на дотурот на природен гас од Иран за Турција претходно овој месец ги поттикна турските власти да ги испитаат односите со другите земји што снабдуваат гас и нафта.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 18/01/08

photo

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган минатата недела побара од Иран да продолжи со извозот на гас за Турција. [Getty Images]

Претходно овој месец Иран го прекина дотурот на природен гас за Турција, наведувајќи го како причина зголемувањето на побарувачката поради студеното време, како и намалувањето на приливот на гас од Туркменистан. Поради овој потег, Турција го прекина транспорот на гас за Грција. Но, Турција и Грција уште еднаш се свртија кон Русија за да ја спречат можната енергетска криза поради суровите зимски услови. Иран во четвртокот (17-ти јануари) не можеше да конкретизира кога ќе го продолжи дотурот на гас за Турција и ги обвини туркменистанските власти за „неморал“. Иран обично извезува до 30 милиони кубни метри природен гас за Турција дневно, а увезува околу 23 милиони дневно од Туркменистан.

„Точно е дека Иран ги има вторите по големина резерви на природен гас во светот, но во моментов му недостасуваат капацитети за производство, и самиот Иран е зависен од гасот од Туркменистан“, рече турскиот експерт за енергија, Фарук Демир. „Сега засега тоа не е вистинска алернатива на рускиот гас“.

Турменистан вели дека „технички проблеми“ го предизвикале прекинот на извозот на гас за Иран. Сепак, Туркменистан и Русија неодамна потпишаа енергетски договор, според кој Москва сега плаќа 9 евра за 1.000 кубни метри туркменистански гас, а Туркменистан наводно бара слично зголемување од Иран.

За да ја намалат зависноста на земјата од рускиот гас турските власти потпишаа договор со Иран минатата година -- договор кој беше критикуван од САД. Во него е наведена инвестицијата од 2 милијарди евра од страна на Турција во иранското гасно поле Јужен Парс, како и заедничките инвестиции за гасоводниот систем кои ќе се протега до источна Турција.

Вашингтон изрази вознемиреност во врска со договорот, поради политиката на санкции од 1996 година против земјите што инвестираат во Иран. Сепак, некои турски енергетски експерти веруваат дека Иран е подготвен да соработува во решавањето на кризата во врска со неговите нуклеарни централи, со што ќе се отвори патот за нови инвестиции што ќе ги развијат богатите резерви на природен гас на земјата.

Поврзани написи

Loading

Tурција купува иранскиот гас од 2001 година, но дотурот е непостојан -- и се соочува со прекини секоја година во текот на студените зимски услови.

За да ја избегне оваа несигурност, Турција почна да гледа опцијата во Ирак. Минатата година министерот за енергија, Хелми Гулер, објави дека Турција ќе работи со САД на зголемување на транспортот на ирачки природен гас и нафта. Турција и САД, исто така, се согласија заеднички да ги испитаат ирачките енергетски ресурси, рече тој.

Голем број експерти за енергија веруваат дека Турција мора да одлучи дали ќе ја интензивира соработката со Иран или ќе го користи ирачкиот гас и нафтени ресурси со САД. Претходно оваа недела турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган рече дека владата ќе ги разгледа плановите за поблиска соработка со Иран на енергетските прашања.

„САД се наши сојузници, наш стратешки партнер. Но [ниту] САД ниту Израел немаат извори да ги задоволат енергетските потреби на Турција“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар