Хрватска ќе претседава со Комитетот на ОН за борба против тероризмот

08/01/2008

Хрватските дипломати сметаат дека нејзиниот мандат во Советот за безбедност ќе биде исклучително важен и ќе претставува голем предизвик. Покрај тоа, Хрватска претседава со една од најтешките комисии од висок профил, Комитетот за борба против тероризмот.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 08/01/08

photo

Хрватска ќе остане во Советот до 2009 година. [Архива]

Хрватска го започна својот мандат како нов непостојан член на Советот за безбедност на ОН овој месец. Непостојаните членки имаат двегодишен мандат, што значи дека Хрватска ќе остане членка до крајот на 2009 година. Земјата има дополнителна одговорност и како претседавач на ад хок Комитетот на ОН за борба против тероризмот (ЦТЦ).

Дипломатскиот тим на хрватската амбасадорка во ОН, Мирјана Младинео, е подготвен за соочување со двата предизвици. За следните две години, додека хрватски дипломатски претставник држи место во Советот, формирана е специјална дипломатска оперативна група за олеснување на комуникацијата и процесот на донесување одлуки.

Членството во Советот за безбедност претставува многу важна задача и голем предизвик за хрватскиот дипломатски кор.

Како млада демократија и земја која беше зафатена од војните во 1990-тите, Хрватска честопати беше на агендата на Советот. Сега, наместо да биде предмет на расправа, Хрватска ќе има активна улога во меѓународната дипломатија.

ЦТЦ претставува релативно нов комитет и претседавањето со него ќе биде можност Хрватска да се истакне. Комитетот е формиран по терористичките напади во САД на 11-ти септември 2001 година. Советот за безбедност едногласно ја одобри резолуцијата 1373, која ги обврзува сите земји „да ја криминализираат помошта за терористичките активности, да одбиваат финансиска поддршка и давање засолниште на терористите, како и да разменуваат информации за групите што планираат терористички напади“.

ЦТЦ, во чиј состав има 15 члена, беше формиран за следење на спроведувањето на резолуцијата. И покрај тоа што целта на ЦТЦ е зголемување на способноста на државите за борба против тероризмот, тој не може да наметнува санкции, ниту пак одржува листи на следење на терористичките организации или поединци.

ЦТЦ има задача да се грижи за тоа секоја земја да ги исполнува условите на Советот за спречување на терористичките активности и, исто така, да ги идентификува слабостите во способностите на земјите да го прават тоа. Ако државите немаат закони, финансиски средства или персонал за борба против тероризмот, ЦТЦ е должен да им помогне во надминувањето на недостатоците.

Сепак, ако ЦТЦ утврди дека не постои политичка волја за спречување на тероризмот, тој му дозволува на Советот за безбедност да одлучи кои мерки се соодветни за гарантирање дека земјите што упорно не ги исполнуваат условите ги исполнат барањата на резолуцијата 1373.

Според агендата на Советот за безбедност за 2008 година, главниот фокус и понатаму ќе биде Блискиот Исток и Африка. Состојбите во Иран, Ирак и Авганистан ќе бидат внимателно следени, а ќе се посвети внимание и на Централна Азија ако ситуацијата во Пакистан стане опасна.

Прашањата на воените злосторства, исто така, ќе бидат на агендата на Советот како што мандатот на Хашкиот трибунал се приближува кон својот крај, особено ако двајцата најбарани осомничени за воени злосторства, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, останат на слобода.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading