ОН: Сé уште е возможно да се спречи кризата поврзана со климатските промени

04/01/2008

Потребно е итно преземање дејства за спречување на емисијата на гасови на стаклена бавча со цел да се избегнат катастрофалните ризици за идните генерации, предупреди УНДП во новиот извештај.

(ФТ, Блумберг, Сајанс дејли - 17/12/07; Ројтерс - 16/12/07; ББС, ОН - 15/12/07; Интернешнал хералд трибјун - 28/11/07; УНДП, АП, Гардијан, Блумберг - 27/11/07)

photo

„Постои само еден свет“, рече претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Заедно, развиените и земјите во развој можат да постигнат успех.“

Развиените земји мора да преземат итни дејства за прекинување на емисиите на гасови поврзани со глобалното затоплување, за избегнување на еколошка катастрофа што може да има негативни последици врз целата планета, објави УНДП во својот Извештај за човековиот развој (ХДР) за 2007/2008, објавен на 27-ми ноември.

„Климатските промени се закануваат со меѓусебно поврзана катастрофа, со рани назадувања во човековите развој за сиромашните во светот, по што ќе следат и подолгорочни опасности за целото човештво“, истакнува генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во извештајот на 400 страници.

И додека најсиромашните земји најмалку имаат придонесено за проблемот, нивните граѓани ќе бидат најпогодени поради тоа што имаат најмалку ресурси за справување со проблемот, велат властите во студијата, Борба со климатските промени: Човековата солидарност во поделениот свет. Но, на крајот, дури и најбогатите нации нема да бидат имуни на влијанието на глобалното затоплување.

„Нашиот сегашен пат води еднонасочно кон еколошка катастрофа“, се вели во извештајот и истовремено се потврдува дека остануваат неизвесностите во врска со темпото на глобалното затоплување.

Развиените земји, вели ХДР, треба да обезбедат 58 милијарди евра годишно до 2015 година за поддршка на програмите чија цел е зајакнување на капацитетите на земјите во развој за справување со ризиците поврзани со климата.

Во него се бара од богатите земји, кои се најодговорни за акумулирањето јаглероден диоксид и другите гасови што придонесуваат за затоплувањето во атмосферата, да си постават цел за горна граница на емисиите до 2015 година, со 30 отсто намалување до 2020 година и најмалку 80 отсто намалување до 2050 година, во споредба со нивоата од 1990-тите.

Ако светот не преземе соодветни дејства во текот на следната деценија, зголемувањето на температурите за два целзиусови степени „може да го прекине а потоа и уназади човековиот развој“ во најсиромашните земји, каде што 2,6 милијарди луѓе живеат со 1,35 евра на ден или помалку, предупредува УНДП.

Врз основа на неодамна објавените сознанија на Меѓувладината комисија за климатските промени (ИПЦЦ), ХДР ја постави агендата на Конференција за климатските промени, која започна на Бали на 3-ти декември. На конвенцијата присуствуваа претставници на околу 190 земји, како и набљудувачи од невладини организации, меѓувладини организации и медиуми.

По неколкудневните разговори беше постигнат договор на 15-ти декември, по кој делегатите ги прифатија заклучоците на ИПЦЦ дека климатските промени се случуваат и дека истите се предизвикани од зголемувањето на емисијата на гасови на стаклена бавча, како резултат на човековата активност.

Документот кој беше подготвен на конференцијата се нарекува „Карта со насоки од Бали“. Во него се повикува на преговори за четири клучни области -- ублажување, адаптирање, технологија и финансирање -- и се поставува рок на крајот од 2009 година како цел за новиот договор за прекинување на емисиите.

Највисоки меѓународни официјални претставници го поздравија документот.

„Постои само еден свет“, рече претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. „Заедно, развиените и земјите во развој можат да постигнат успех.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading