Во декември се бележи врв на трошењето во Хрватска

28/12/2007

Како и во голем број земји во целиот свет, Хрватите трошат повеќе пари во текот на последниот месец од годината.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб –28/12/07

photo

Продавниците беа преполни со луѓе кои во редици чекаа со часови да купат подароци во последен момент. [Архива]

На крајот од секоја година, анализите на финансиските експерти на познати институции, како што е Хрватскиот институт за истражување на пазарот (ГфК), покажуваат дека хрватскиот народ троши највеќе во декември. И оваа година не е исклучок.

Едно просечно хрватско семејство потроши рекордни 1.100 евра овој месец, иако просечната месечна плата во Хрватска останува нешто пониска од 700 евра.

„Хрватите сакаат да трошат во декември и се жалат дека се сиромашни во јануари“, велат аналитичарите во екот на Божиќната сезона на купување. Долговите од претходната година ги прогонуваат потрошувачите во новата календарска година. Студиите на потрошувачките трендови покажуваат дека Хрватите сé повеќе купуваат со кредитни картички, наместо со кеш, и ја користат секоја можност да го продолжат периодот на плаќање или да ги поделат плаќањата во редовни месечни рати.

Во декември голем број вработени Хрвати добија божиќен бонус, зависно од остварувањата на нивното претпријатие во текот на годината. Дополнителните пари обично се трошат на подароци и производи што инаку не можат да си ги дозволат. Некои претпријатија им обезбедуваат на вработените специјални ваучери за купување за конкретни продавници.

Според ГфК, Хрватите уживаат во купувањето и трошењето пари, особено во трговските центри. Повеќе од 50 отсто од мажите во Хрватска сметаат дека купувањето е забавно, додека 76 отсто од жените се согласуваат со тоа.

Трговските центри, преполни со луѓе кои со часови чекаа во редици да купат подароци во последен момент, се омилени места за трошење пари. Оваа година некои трговски центри понудија попусти, засилувајќи ја конкурентноста на цените, особено во Загреб.

И покрај рекордното трошење во декември, повеќето Хрвати остануваат незадоволни со својот финансиски статус, според неодамнешните анкети. Повеќе од 55 отсто не очекуваат никакво подобрување во нивниот домашен буџет. Всушност, повеќе од 50 отсто сметаат дека во текот на следната година ќе мора да плаќаат повеќе за генералните трошоци.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading