УНДП: Повеќе нации од ЈИЕ се рангираа помеѓу земјите со високи новоа на човеков развој

28/12/2007

Aлбанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Македонија и Романија се рангираа помеѓу 70-те земји во светот со високи новоа на човеков развој, во годишниот извештај на УНДП објавен на крајот од ноември.

(Тркиш дејли њус - 04/12/07; Софиска новинска агенција - 28/11/07; УНДП, Ројтерс, Софија ечо - 27/11/07)

photo

Извештајот беше објавен од страна на УНДП минатиот месец. [УНДП]

Албанија и Македонија постигнаа подобрувања што им овозможија за првпат да влезат во групата нации со високи нивоа на човеков развој, според годишниот Извештај за човековиот развој на УНДП, објавен на 27-ми ноември.

Како и претходните години, извештајот рангира 175 земји-членки на ОН, заедно со Хонг Конг и палестинските територии, според нивниот нивоа на човеков развој, групирајќи ги во три групи: висок, среден и низок. Србија и Црна Гора се помеѓу 17-те земји што не се вклучени во рангирањето на Индексот на човековиот развој оваа година, поради недоволно податоци.

Индексот ги мери просечните достигнувања на земјите во три основни димензии на човеков развој: животниот век, писменоста на возрасните и приходите, мерено според БДП по глава на човек приспособено на куповната моќ во американски долари. Повеќето податоци искористени во проценката се за 2005 година.

Исланд се рангираше на првото место оваа година, со оценка од 0,968 пред Норвешка, која беше на првото место претходните шест години. Австралија, Канада и Ирска ги заокружуваат првите пет позиции.

Aлбанија и Македонија беа вклучени во целокупната оценка од 0,801 за секоја од нив, само 0,001 над оценката што ја дели групата од онаа на земји со средени нивоа на човеков развој.

Албанија се придвижи пет места погоре, на 68-мото, по подобрувањето на целокупната оценка за 0,017, благодарение на нејзиниот висок индекс на животен век и зголемувањето на БДП по глава на жител, од повеќе од 300 американски долари.

Иако Македонија ја подобри својата целокупна оценка за 0,005, земјата сега се рангира на 69-тото место, што е пад од 66-тото претходната година, кога групата со висок човеков развој вклучуваше 63 земји. Нејзината висока оценка го одразува зголемувањето во нејзиниот БДП по глава на жител од околу 600 американски долари и подобрување од 0,1 отсто на нејзината комбиниран бруто уписен размер за основното, средното и високото образование, на 70,1 отсто оваа година.

Сите земји од ЈИЕ, освен Турција, се рангираа помеѓу 70-те нации во групата на висок човеков развој. Помеѓу нив, Грција уште еднаш се рангираше на највисокото место со оценка од 0,926, задржувајќи го 24-тото место. Таа има највисок бруто уписен размер за основното, средното и високото образование (99 отсто), со БДП по глава на жител од 23,381 американски долари, Грција има највисок БДП помеѓу земјите во регионот.

Со оценка од 0,903 -- иста како и претходната година -- Кипар се придвижи едно место погоре, на 28-мото место. Очекуваниот животен век од 79 години ја прави оваа земја регионален водач во овој индикатор.

И покрај високата целокупна оценка оваа година -- 0,850, зголемување од 0,841 во ИЧР 2006 -- Хрватска падна за три места подолу, на 47-мото место. Во поглед на писменоста на возрасните, која изнесува 98,1 отсто, таа се рангира на третото место во регионот по Албанија и Бугарија, каде што 98,7 отсто и 98,2 отсто од луѓето на возраст помеѓу 15 години и постари, се писмени.

Хрватска е пред двете земји на ЕУ, Бугарија и Романија. Сепак, подобрувањето од 0,008 на целокупната оценка на Бугарија -- зголемување на 0,824 -- й овозможи на земјата да се придвижи едно место погоре, на 53-тото место. Во споредба со ИЧР за 2006 година, БДП на земјата по глава на жител се зголеми за скоро 1.000 американски долари и изнесува 9.032 американски долари.

Поврзани написи

Loading

Романија, која влезе во ЕУ на 1-ви јануари 2007 година, заедно со Бугарија, е повторно на 60-тото место во целокупната оценка од 0,831, која ги рефлектира нејзините ниски индекси за животниот век, писменоста на возрасните и комбинираниот бруто уписен размер за основното, средното и високото образование.

Босна и Херцеговина падна за четири позиции, на 66-тото место, но малку ја подобри својата целокупна оценка, која изнесува 0,803 од 0,800 минатата година.

Зголемувањето од 0,018 во нејзината целокупна оценка, која е сега 0,755, й овозможи на Турција да се придвижи осум места погоре од минатата година, и да се рангира на 84-тото место. Сепак, таа е помеѓу 85-те нации во групата со среден човеков развој.

Дваесет и две земји -- сите во субсахарска Африка -- влегоа во категоријата со низок човеков развој. Мали, Нигерија, Гвинеја-Бисау, Буркина Фасо и Сиера Леоне, ги пополнија првите пет позиции во ИЧР, со оценка од 0,380 до 0,336.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар