13/12/2007
Цените во Босна и Херцеговина драстично се зголемија во ноември, како што е зголемувањето на цената на брашното за 60 отсто и 200 отсто за маслото. Некои за тоа го обвинуваат светскиот пазар, додека други ја криват домашната политичка криза.
Од Денис Џидиќ за Southeast European Times во Сараево -- 13/12/07
![]() Цените на голем број прехранбени производи во БиХ драстично се зголемија во изминатите неколку недели. [AФП] |
Голем број експерти сметаат дека политиката и домашните власти стојат зад драстичното зголемување на цените во Босна и Херцеговина (БиХ) во изминатиов месец, но меѓународните претставници скокот на цените го поврзуваат со зголемувањето на цените во светската пазарна економија.
Што и да е причината, податоците на Конфедерацијата на синдикатите на Босна и Херцеговина од средината на ноември покажуваат дека за неколку дена, цените на основните прехранбени производи нагло се зголемиле. Првиот производ што поскапе беше брашното, и тоа за скоро 60 отсто во споредба со цената од октомври. Но, најголем пораст имаше кај цената на маслото, која скокна за 200 отсто. Цените на млекото, шеќерот и сирењето се зголемија, како и цените на комуналните услуги, што предизвика голема загриженост во јавноста.
„Лошата економска состојба во БиХ е резултат на политичката криза која, во помал или поголем степен, трае од Дејтонскиот мировен договор“, рече претседателот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, на регионалниот економски форум на Југоисточна Европа во Дубровник.
Претседателот на Здружението на потрошувачите на БиХ, Месуд Лакота, се согласи дека политиката и домашните власти стојат зад ова неодамнешно превирање. „Европскиот пазар не може да допре до нас поради некои лобирања, а дел од проблемот е и во владата. Сега ние чекаме одговор од владата за ова, но јас се надевам дека тоа нема да биде давање на [5 евра] месечно на ветераните, бидејќи тоа не е доволно.“
Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик одби да ја прифати вината за кризата, објаснувајќи дека поскапувањето е генерална практика предизвикана од зголемувањето на цените на нафтата низ целиот свет, а не само во регионот.
За контрола на кризата во БиХ, владата ќе пушти од резервите на основните прехранбени производи на РС и Федерацијата на БиХ на пазарот за да ги намали цените.
Претседателот на Конфедерацијата на синдикатите на БиХ, Ранка Мишиќ, ја повика владата да формира фонд за најзагрозените, како што се ветераните или оние без работа. Таа, исто така, апелираше до Регулаторната агенција за електрична енергија да спречи какво било дополнително зголемување на цената на електричната енергија. Тоа би водело до „целосно уништување на семејните буџети и би пропаднало многу претпријатија“, рече таа.
Светската банка, ММФ и Канцеларијата на високиот претставник во БиХ ги отфрлија тврдењата дека поскапувањето го предизвикале малопродавачите кои профитираат од актуелната политичка криза.
„Важно е да се објаснат главните причини за овој пораст на цените: тоа е резултат првенствено од поголемите цени на светските пазари“, рекоа официјалните претставници од трите меѓународни организации во изјавата на крајот од минатиот месец.
„Босна и Херцеговина има отворена економија, која крајно ги штити граѓаните на БиХ против зголемувањето на цените над оние на светските пазари“, се вели во изјавата, и се истакнува дека „зголемувањата на цените, кои беа драстични за некои производи, не се над оние на светските пазари“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's