Русија й понуди на Србија вклучување во гасоводот Јужен тек

12/12/2007

Договорот што го предложи Русија, а со кој се отвора пат за вклучувањето на Србија во проектот за гасоводот Јужен тек, ќе ја направи оваа балканска земја регионален енергетски водач, рече во вторникот висок белградски претставник.

(Ројтерс, Б92, српска влада - 11/12/07; AП, РИА Новости - 22/11/07)

photo

Според договорот, руско претпријатие ќе ја преземе контролата над српскиот нафтен монопол НИС, соопштија властите во вторникот (11-ти декември). [Архива]

Србија ќе биде вклучена во проектот за гасоводот Јужен тек, според нацрт-договорот за енергетска соработка што Русија му го понуди на Белград во вторникот (11-ти декември).

Договорот беше предложен пред околу два месеци откако делегација, предводена од генералниот директор на рускиот нафтен и гасен монопол Газпром, Алексеи Милер, ја посети Србија и разговараше за соработката во енергетскиот сектор. За време на разговорите со српските водачи руската делегација изрази интерес за приватизацијата на некои од клучните претпријатија во земјата, меѓу кои и рафинеријата на нафта Нафтена индустрија Србије (НИС).

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Алексејев, кој во вторникот му го предаде нацрт-договорот на српскиот министер за енергија, Александар Поповиќ, рече дека истиот ќе влијае на енергетската безбедност на целиот регион и ќе биде важен настан во билатералните односи.

„Овој договор предвидува изградба на транзитен нафтовод Јужен тек, преку Србија, изградба на објекти за складирање гас и стратешко партнерство во модернизацијата на НИС“, рече Поповиќ на заедничката пред-конференција со рускиот амбасадор. „Јас ќе го доставам до владата, потоа работната група ќе работи на деталите. Потоа парламентот ќе го ратификува.“

Извештаите за посетата на Милер во октомври покажуваат дека Газпром ќе ја разгледа евентуалната понуда за НИС само како дел од пакетот кој, исто така, би му овозможил да ја искористи српската територија за изградба на делот на гасоводот Јужен тек и да изгради нови објекти за складирање гас.

Пред околу три недели, Газпром и италијанското претпријатие Ени СПА потпишаа договор за изградба на нафтоводот Јужен тек вреден скоро 7 милијарди евра, вклучително и формирање на 50:50 заедничко претпријатие за подготвување маркетинг и физибилити студија за проектот. Предложениот нафтовод од 900 километри ќе поминува низ Црното Море преку Бугарија, пренесувајќи 30 милијарди кубни метри руски природен гас годишно до Австрија, Словенија и Италија.

Додека Газпром и Ени СПА заеднички ќе го финансираат, поседуваат и водат проектот, кој се очекува да биде завршен во 2013 година, на транзитните земји најверојатно ќе им бидат понудени помали удели.

Ако Србија го прифати и ратификува предложениот договор, тоа ќе ја направи регионален водач во енергетскиот сектор, изјави Поповиќ за новинарите во вторникот.

Поврзани написи

Loading

Но, поврзувајќи го рускиот предлог со силната поддршка на Москва за позицијата на Белград во врска со прашањето на статусот на Косово, многу аналитичари сметаат дека понудениот договор е политички мотивиран. Некои се, исто така, загрижени за тоа едно претпријатие да ги контролира и нафтоводот и објектите за складирање гас.

„Секое проширување на ова и на НИС би било штетно“, изјави аналитичарот на Центарот за слободен пазар Мирослав Прокопијевиќ за Ројтерс. „Политички тоа би можело да се искористи како инструмент за притисок. Економски би било штетно, со оглед на тоа што руските фирми не се познати со својата софистицирана технологија. Тоа би било проширување на монополот на пазарот на нафта, гас и дериватите.“

Други изразија загриженост дека договорот би можел да ги обесхрабри другите потенцијални странски инвеститори.

Приватизацијата е предмет на расправа уште од 2005 година, при што иницијалните планови предвидуваа понуда на 25 отсто од монополот за околу 204 милиони евра. Купувачот, исто така, би бил обврзан да вложи дополнителни 170 милиони евра за евроинвестиции. Актуелната владејачка трипартиска коалиција е, наводно, поделена околу тоа дали да се придржува на планот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's