11/12/2007
Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, ја предупреди Хрватска да не го спроведува законот за зони во Јадранското Море. „Тоа би можело да има негативни последици врз процесот на преговори“, рече тој.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 11/12/07
![]() Еколошката зона ќе ги штити хрватските води од прекумерен риболов, велат некои. [Архива] |
И покрај предупредувањата минатата недела од ЕУ, хрватските рибари во петокот (7-ми декември) инсистираа на тоа земјата да ја реализира контроверзната рибарска зона во Јадранското Море. Зоната, која ќе покрива 57.000 километри квадратни, ќе го штити рибниот фонд во морето, за кој хрватските рибари велат дека се исцрпува од големите италијански рибарски флоти.
Законот усвоен од хрватскиот парламент пред години, со кој се воспоставува рибарска и еколошка зона во Јадранското море се очекува да биде спроведен на 1-ви јануари 2008 година. Минатата недела комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, ја предупреди Хрватска дека договорот -- кој е спротивен на договорот со Италија и Словенија -- ќе влијае на шансите на Хрватска за пристап во Унијата.
На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел оваа недела беше потврдена нивната загриженост за тоа.
Рен ги потсети хрватските водачи дека договорот беше услов на Хрватска да й се додели кандидатски статус. Тој го нарече спорот „многу сериозно прашање кое ќе има негативни последици на преговорите за пристап во ЕУ“ ако не биде решено.
Иако законот беше одложен многупати од неговото усвојување во 2004 година, истиот сега ќе биде автоматски спроведен поради тоа што новиот парламент -- кој сé уште не е формиран -- нема да заседава до датумот на спроведување. Ниту едно политичко тело нема овластување да се вмеша и да го спречи спроведувањето на законот.
Коалицијата ХСС-ХСЛС, центристички политички сојуз чии изборни гласови ќе бидат решавачки кога ќе се формира новата влада, застана во одбрана на заштитената рибарска и еколошка зона. Секоја страна што ќе одлучи да формира влада со коалицијата -- со оглед на тоа што ниту една партија не освои мнозинство гласови -- ќе мора да ги земе предвид ставовите на групата во врска со ова прашање.
Италија и Словенија се противат на заштитената рибарска област поради тоа што нивните бродови повеќе не ќе можат да го експлоатираат побогатиот, хрватски дел од Јадранското Море без специјална дозвола. Ова ќе значи позначителна финансиска штета за нивната флота.
Хрватска може да ја примени рибарската зона за земјите што не се членки на ЕУ, но нивниот дел во рибарските квоти е мал.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's