10/12/2007
Кандидатот на Сојузот на независните социјалдемократи победи на претседателските избори во РС, според прелиминарните резултати. Рајтко Кузмановиќ вети дека ќе биде претседател на сите босански Срби, без оглед на нивната партиска или етничка припадност.
Од Влатко Вукотиќ за Southeast European Times во Бања Лука - 10/12/07
![]() Рајко Кузмановиќ од владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи гласа во неделата (9-ти декември). [Getty Images] |
Рајко Кузмановиќ победи на претседателските избори во Република Српска (РС), според прелиминарните резултати објавени во понеделникот (10-ти декември) од страна на Изборната комисија на Босна и Херцеговина.
Со 55 отсто пребројани гласови, Кузмановиќ -- член на владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) и актуелен претседавач на Академијата на науките на РС -- освои 45 отсто од гласовите. Огњан Тадиќ од националистичкат Српска демократска партија (СДС) беше втор со 33 отсто од гласовите. Водачот на Партијата за демократски напредок (ПДП), Младен Иваниќ, беше трет, со 16 отсто, според Изборната комисија.
Ветувајќи дека ќе биде претседател на сите босански Срби, без оглед на нивната политичка припадност, Кузмановиќ рече: „Веднаш ќе ги преземам претседателските должности во согласност со уставот, и ќе ги извршувам должностите како што е предвидено со уставот. Ќе ја претставувам Републиката и ќе го штитам нејзиното единство.“
Кузмановиќ ќе мора да почека за да ги преземе овие должности додека не бидат објавени конечните резултати подоцна овој месец.
Предвремените избори беа распишани откако актуелниот претседател Милан Јелиќ почина од срцев удар на 30-ти септември, помалку од една година по доаѓањето на позицијата.
„Очигледно е дека ниту една партија нема апсолутно мнозинство повеќе и дека три партии се одвоија себеси од другите, што ќе ја дефинира иднината на локалната политичка сцена“, рече Иваниќ од ПДП.
СДС и ПДП велат дека не ги сметаат резултатите за пораз, туку дека ја повраќаат довербата на гласачите по уште поголемиот пораз минатата година. „Направивме грешки, но луѓето видоа дека сме способни да ги поправиме“, рече Тадиќ.
Изборите ги одбележа одѕивот на гласачите кој беше толку низок што ги изненади дури и најголемите песимисти. Изборната комисија рече дека само 36 отсто од 1,1 милион гласачи на Република Српска излегле на гласање -- најлош одѕив во изминатите 12 години. Аналитичарите велат дека ова е поради тоа што гласачите не се заинтересирани кој е претседател, бидејќи тоа е само репрезентативна функција.
Премиерот на РС Милорад Додик рече дека победата на Кузмановиќ претставува победа за демократијата и за РС. Тој, исто така, смета дека победата на Кузмановиќ ќе биде глас за довербата на народот во владата на СНСД.
„Институциите на РС ќе продолжат да работат на нивните програми без пречки. Многу важно е дека ние сé уште ја имаме довербата на граѓаните, што е потврда за нашата партиска политика досега“, рече Додик.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's