БиХ парафираше клучен договор со ЕУ

05/12/2007

Во неочекуваниот крај на политичката криза од изминатите неколку недели, водачите на БиХ постигнаа согласност за компромисен договор кој го отвори патот за парафирање на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Од Влатко Вукотиќ за Southeast European Times во Бања Лука -- 05/12/07

photo

Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен (напред лево), и вршителот на премиерската функција во БиХ Никола Шпириќ (напред десно), во вторникот (4-ти декември) во Сараево го парафираа Договорот за стабилизација и асоцијација. [Getty Images]

Босна и Херцеговина (БиХ) го направи најважниот чекор досега на својот пат кон пристапот во ЕУ. На церемонијата во вторникот (4-ти декември) вршителот на премиерската функција Никола Шпириќ и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, го парафираа Договорот за стабилизација и асоцијација -- вовед во потпишувањето на договорот.

„Искреното исполнување на овој договор ќе й овозможи на БиХ да стане кандидатка за членство во ЕУ за многу брзо време“, рече Рен.

БиХ ги исполни техничките критериуми и, исто така, постигна задоволителен напредок во постигнувањето на политичките критериуми, додаде тој.

Овој потег претставува драматичен пресврт по неколкунеделната политичка криза, предизвикана од немањето договор за полициските реформи што ги бара ЕУ и контроверзноста околу одлуката на високиот претставник Мирослав Лајчак да ги промени гласачките правила. Многумина рекоа дека земјата се соочува со својот најлош ќор-сокак од потпишувањето на Дејтонскиот договор. Ситуацијата поттикна предупредувања не само од водачите на ЕУ, туку и од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

Сепак, за само неколку дена политичките водачи на БиХ успеаја да постигнат компромис. Советот на министри се согласи да го поддржи акциониот план за полициските реформи, кој предвидува воспоставување директорат за полициска координација и неколку полициски институции.

Крајот на политичката криза го отвори патот за Шпириќ -- кој поднесе оставка минатиот месец, но сé уште е вршител на функцијата -- повторно да дојде на функцијата. Водечките партии на босанските Срби ќе назначат кандидат за премиер до крајот на оваа недела, и веќе посочија дека ќе го изберат него.

Поврзани написи

Loading

БиХ ќе продолжи со исполнувањето на условите потребни за потпишување на ДСА, рече Шпириќ. „Придобивката ќе биде повеќекратна, бидејќи ЕУ ќе има нова област на стабилност и просперитет на Балканот“, рече тој. „Од друга страна, граѓаните од земјите во Западен Балкан ќе ја здружат безбедноста со ЕУ, како и другите бенефиции што ги уживаат граѓаните на обединета Европа.“

Лајчак изрази задоволство од неодамнешниот развој на настаните.

„Ние сме свесни за напредокот на БиХ кон ЕУ, и покрај тоа што парафирањето на ДСА звучи некако технички, тоа е симболички доказ за напредокот на оваа земја“, рече тој.

Откако ќе биде потпишан ДСА, истиот ќе оди пред парламентите на сите 27 земји-членки за ратификување. Потоа ЕУ ќе ја оцени подготвеноста на БиХ за официјален кандидатски статус.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар