Србија и ЕУ потпишаа договор за помош од една милијарда евра

30/11/2007

Според договорот потпишан во четвртокот, Србија ќе добие една милијарда евра неповратна предпристапна помош од ЕУ во текот на следните пет години.

(Блиц - 30/11/07; Ројтерс, Бета, Б92, БИРН, српска влада - 29/11/07)

photo

Српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ (во средината, со српскиот претседател Борис Тадиќ (лево) и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен) го парафираше Договорот за стабилизација и асоцијација во Брисел на 7-ми ноември. [Getty Images]

Србија ќе добие неповратна помош од ЕУ, во висина од една милијарда евра, во текот на следните пет години, со договорот потпишан во четвртокот (29-ти ноември) во Белград.

Средствата, кои ќе бидат ставени на располагање во рамките на Помошниот инструмент за предпристап (ИПА) на блокот од 27 нации, ќе ги помогнат реформските напори на Србија на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Вицепремиерот Божидар Ѓелиќ и директорот на Европската комисија (ЕК) за Западен Балкан, Пјер Мирел, го потпишаа пред помалку од еден месец откако Србија го парафираше Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ.

„Одиме кон Европа бидејќи тоа е нашата цел, но и затоа што тоа е патот за подобрување на нашиот систем и животите на нашите граѓани“, рече Ѓелиќ по церемонијата, истакнувајќи дека помошта предвидена во договорот е највисоката добиена досега.

Со поголем дел од парите, објасни тој, ќе се поддржат мерките за поттикнување на социјалниот и економскиот развој на Србија. Остатокот ќе биде искористен за градење на институции, јавната администрација, судските и полициските реформи, како и за иницијативите за регионална соработка.

Сумата „не е занемарлива“, Балканската мрежа на истражувачко новинарство (БИРН) ја цитираше изјавата на Мирел за новинарите. Тој истакна дека Србија „нема да мора да ги враќа парите“.

„Тоа покажува дека ЕУ сака да ја види Србија како своја членка, дека ние й помагаме и дека ќе й помагаме во следните години“, рече тој. Договорот од четвртокот, додаде тој, е третиот чекор што Србија го презеде кон градењето поблиски врски со ЕУ од парафирањето на ДСА на 7-ми ноември и потпишувањето на договорот за визни олеснувања.

Белград се надева дека ДСА ќе биде потпишан на почетокот од следната година и со тоа ќе биде завршен првиот голем чекор кон членството во блокот.

Но, ЕУ јасно стави до знаење дека е мала веројатноста тоа да се случи пред Белград да го уапси поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ, еден од преостанатите четворица обвинети кои сé уште ги бара Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства.

„Целосната соработка со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија останува неопходен услов за потпишување на овој ДСА“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, на 7-ми ноември.

Поврзани написи

Loading

По потпишувањето на договорот за помош на Третата национална конференција за намалување на сиромаштијата во четвртокот во Белград, Ѓелиќ истакна дека помошта не е политички условена, ниту, пак, е поврзана со идниот статус на Косово.

ИПА ги покрива кандидатите на ЕУ Хрватска, Македонија и Турција и потенцијалните кандидати Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, вклучително и Косово. Предпристапната помош што Унијата ја одвои за сите овие земји, за периодот 2007-2013 година, изнесува вкупно 11,5 милијарди евра.

Во текот на изминатите седум години, по соборувањето на режимот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година, Србија доби повеќе од 5 милијарди евра помош и повластени кредити од членките на ЕУ, од кои некои се користат за програмите и реформите во социјалниот сектор.

Сиромаштијата и невработеноста се помеѓу главните социјални предизвици со кои Србија се соочува денес. Близу половина милион Срби сé уште живеат под апсолутната граница на сиромаштија, додека стапката на невработеност е помеѓи највисоките во Европа и изнесува 21,6 отсто, рече Ѓелиќ во четвртокот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар