28/11/2007
Со опаѓањето на температурите, Албанците може да очекуваат ограничувања и прекини на електричната енергија. Во обид да ја ублажи хроничната енергетска криза на земјата, владата бара нови опции.
Од Јонилда Коци и Сами Неза за Southeast European Times во Тирана – 28/11/07
![]() Пешаци поминуваат покрај генераторите на струја на една улица во Тирана минатиот јануари. Албанија има тешкотии во задоволувањето на побарувачката за енергија уште од 1990-тите, и прекините на струјата се чести во шпицот на туристичката сезона. [Getty Images] |
Албанија добива 95 отсто од својата електрична енергија од хидроцентралите (ХПП), но сушата оваа година влијаеше на нивоата на резервоарите и централите не можат да ги исполнат барањата за енергија кои се константно во пораст. Како и во претходните зими, се очекуваат ограничувања, прекини и различни алтернативни мерки.
Земјата некогаш произведуваше доволно енергија не само за задоволување на своите потреби, туку и за извоз во соседните земји. Но, од почетокот на 1990-тите, побарувачката се зголеми четирикратно, достигнувајќи 6.800 гигаватчасови. Во истовреме, производството на електричната енергија се намали за половина, на околу 4.000 гигаватчасови. Тоа се должи на недоволните врнежи и застарените хидроелектрични централи.
Снабдувањето со електрична енергија во Тирана и другите градови беше прекинувано и по осум часови на ден, додека некои рурални области беа оставани без струја и по 15 часови на ден. Секоја зима ситуацијата уште повеќе се влошува.
Поради кризата, проектите за обновливи извори на енергиј станаа приоритет. Премиерот Сали Бериша на 7-ми ноември рече дека владата ќе го поддржи секој проект кој придонесува за разновидноста на енергетските извори.
Претставниците на Камози холдинг СпА и Вестингхаус се состанаа со Бериша на крајот од октомври, на разговори околу евентуалните инвестиции во производството на електрична енергија. Претпријатијата изразија заинтересираност за изградба на фабрика за нуклеарни резервни делови во Драч.
„Сакаме да ја претвориме Албанија во производствен и извозен центар за енергија во регионот“, рече Бериша. Но, опозициските политичари покажаа помалку ентузијазам. Заменик-претседателот на парламентарната група на социјалистите, Ерион Брејс, рече дека негативностите мора да се земат предвид.
„За да работи една нуклеарна централа потребно е нашата земја да транспортира и складира нуклеарен материјал. Нуклеарните операции резултираат со штетен радиоактивен отпад кој го загрозува здравјето на јавноста“, рече тој, повикувајќи идејата да биде ставена пред народот.
Админстрацијата на Бериша рече дека е можно да распише референдум за нуклеарната енергија во иднина. Истовремено, таа испитува други, помалку контроверзни извори на енергија. На крајот од октомври две големи европски претпријатија й предложија големи проекти на владата.
Едното претпријатие, Италгест, предложи изградба на голема фабрика на силата на ветарот во близина на Крајевиџи -- на 50 километри од Тирана. Објектот би имал капацитет од 150 мегавати, а инвестицијата на претпријатието би изнесувала 200 милиони евра.
Другото претпријатие, Нааново, предложи проект за соларна енергија, кој ќе вклучува изградба на соларна централа во близина на Драч, на 40 километри од Тирана. Во текот на следните неколку месеци претставници на владата ќе ги разгледаат предлозите и ќе ги спроведат проектите за кои сметаат дека имаат најголема веројатност да стават крај на енергетската криза.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's