Спорот околу името не претставува решавачки фактор во кандидатурата на Македонија за влез во НАТО

27/11/2007

Шансите на Македонија за влез во НАТО зависат од реформите, а не од спорот околу името со соседна Грција, изјави во понеделникот за новинарите претседателот на парламентот на НАТО, Хозе Лело.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје - 27/11/07

photo

Претседателот Бранко Црвенковски предложи ставање мораториум на сите закони во парламентот што не придонесуваат за исполнување на условите за влез во НАТО и во ЕУ. [Getty Images]

Maкедонија треба да ја покаже својата способност за решавање на своите домашни проблеми на демократски начин, рече во понеделникот (26-ти ноември) претседателот на парламентарното собрание на НАТО, Хозе Лело. Тој, исто така, ги негираше тврдењата дека спорот околу името со соседна Грција ја блокира кандидатурата на Македонија за влез во НАТО.

„Таканаречениот спор околу името не е проблем на НАТО. Тоа е билатерално прашање за кое двете земји разговараат под патронат на ОН. Колку што мене ми е познато, името никогаш не претставувало блокирачки фактор за членството во НАТО“, рече Лело во македонскиот парламент за време на посетата на Скопје.

Вистински предизвик за Македонија, рече Лело, е да ја усвои неопходната законска рамка и да ги спроведи потребните реформи.

Владеењето на правото, заштитата на малцинските права и борбата против корупцијата се главните фактори во кандидатурата за пристап на земјата, рече тој.

Македонија -- заедно со другите членки на Јадранската повелба, Албанија и Хрватска -- се надева дека ќе добие покана за влез во Алијансата на нејзиниот самит во Букурешт следната година. Но, претставниците на НАТО велат дека сé уште не решиле кои земји ќе бидат поканети за пристап.

Помошник генералниот секретар на НАТО, Мартин Ердман, ја посети Македонија претходно овој месец за да го оцени спроведувањето на Годишната национална програма за членство во НАТО. Тоа беше деветта ваква проценка и можеби најважна. Извештајот што тимот на Ердман ќе го објави во јануари е можно да даде јасен сигнал за изгледите на земјата во Букурешт.

Поврзани написи

Loading

Пред да ја донесе одлуката, НАТО внимателно ќе следи дали реформскиот процес е одржлив, дали постои доволно дијалог помеѓу политичките партии и дали е осигурена политичка стабилност на долг рок, рече Ердман за време на неговата посета.

Македонскиот национален координатор за НАТО, Никола Димитров, рече дека „за нас е добар сигнал“ тоа што Алијансата не донесе одлука за поканите за членство. „Во следниот период треба двојно да ги зголемиме нашите реформски напори за да постигнеме напредок пред самитот“, рече тој.

Претседателот Бранко Црвенковски рече дека надежите на Македонија зависат од самата земја. „Ние сме тие што треба да си ја завршат работата. Ние треба да го комплетираме Судскиот совет, да усвоиме закон за јавното обвинителство и да го спроведеме законот за полицијата“, рече Црвенковски.

Тој предложи ставање мораториум на сите закони во парламентот кои не се поврзани со исполнувањето на условите за пристап во НАТО и во ЕУ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар