Хрватски новинари се соочуваат со обвиненија од МКТЈ

20/11/2007

Осум хрватски новинари би можеле да бидат обвинети за непочитување на судот поради објавување доверливи информации.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб – 20/11/07

photo

Вечерњи лист беше еден од весниците што ја објавија информацијаta. [Getty Images]

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МТКЈ) во Хаг, нареди сослушување на осуммина хрватски новинари, кои открија доверлии информации поврзани со судењето за воени злосторства против тројцата поранешни хрватски генерали.

Еден од новинарите, Давор Иванковиќ од Вечерњи лист, во четвртокот (15-ти ноември) беше испрашан во загребската канцеларија на Хаг во врска со неговата одлука да известува за доверливи делови од обвинението против Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач.

Тројца телевизиски новинари -- Горан Ротим, Ѓурица Дробац и Јосип Шариќ -- како и четворица други новинари од печатените медиуми -- Синиша Павиќ, Јасна Бабиќ, Снежана Павиќ и Иван Звонимир Чичак -- исто така се соочуваат со сослушување.

Во мај новинарите ги објавија имињата на неколку воени и политички претставници кои беа споменати во обвиненијата на генералите како учесници во наводниот заеднички криминален заговор во текот на 1990-тите. Седуммина од нив не беа ниту обвинети, ниту судени, но нивните имиња беа на листите.

Поврзани написи

Loading

Сите й се добро познати на хрватската јавност, и биле вклучени во доверливиот дел од обвинението. Новинарите, игнорирајќи го правилото на МКТЈ дека таквите делови не смеат да се објавуваат, ги објавиле имињата.

Новинарите ќе мора да им објаснат на претставниците на МКТЈ зошто го сториле тоа. Ним им е забрането да зборуваат за нивните разговори со истражителите и јавно да се бранат себеси.

Минатиот месец истражителите на МКТЈ го сослушаа главниот уредник на Слободнa Далмација Младен Плесе, заедно со поранешниот главен уредник на државната Хрватска телевизија, Владимир Рончевиќ, во врска со истиот случај. Никој не е обвинет по нивните сослушувања.

Ако бидат обвинети за непочитување на судот и бидат прогласени за виновни, тие би можеле да се соочат со затворска или парична казна. Преку своите адвокати, осуммината велат дека немаат намера да откријат зошто ги објавиле имињата. Заедно со голем број невладини организации во Хрватска, тие тврдат дека МКТЈ ја напаѓа слободата на медиумите и независноста на новинарите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар