Рикер: На косовските заедници им треба јасност на статусот

16/11/2007

Договореното решение ќе биде најдобар можен исход од тековните разговори за иднината на Косово, но меѓународната заедница треба да размисли како ќе се справи со евентуалниот ќор-сокак, рече во четвртокот шефот на УНМИК, Јоаким Рикер.

(Блумберг - 16/11/07; AP, AFP, DPA, VOA, Euobserver, UNMIK, UN News Centre, OSCE - 15/11/07)

photo

„И понатаму имам верба во позитивниот исход на процесот на тројката“, рече шефот на УНМИК, Јоаким Рикер. [Getty Images]

Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, во четвртокот (15-ти ноември) ја повика меѓународната заедница да размисли кои активности ќе ги преземе ако тековните разговори за иднината на Косово не резултираат со договор, истакнувајќи дека покраината не може да остане во политичка неизвесност.

„И понатаму имам верба во позитивниот исход“, рече германскиот дипломат, во обраќањето пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. „Договореното решение би било оптимален исход и најлесен за спроведување. Сепак, дури и ако не биде постигнат договор, јасноста на иднината на Косово, клучна за обезбедување на стабилноста во регионот, ќе мора да биде следна.“

Тековните преговори треба да завршат на 10-ти декември, кога тројката ЕУ-САД-Русија, која посредува со овие последни напори за решавање на прашањето, треба да му поднесе извештај на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, за резултатите на разговорите. Но, со оглед на длабоко закоравените позиции на Белград и Приштина во однос на прашањето на иднината на Косово, изгледите за договор се чинат мали.

Официјално сé уште дел од Србија, Косово е де факто протекторат на ОН од крајот на конфликтот во покраината во периодот 1998-1999 година. Мнозинството на етничките Албанци од 90 отсто, бара независност. Белград вели дека суштинската автономија е максимумот што може да го понуди.

Пред состанокот следната недела помеѓу српските претставници и претставниците на косовските Албанци, претставникот на ЕУ во тројката во средата посочи дека посредниците планираат да предложат решение, врз основа на формулата „неутрален статус“.

Но, високи српски претставници и претставници на косовските Албанци веднаш ја отфрлија идејата, уште повеќе поматувајќи ги изгледите за договор.

Косовските водачи ветија дека ќе прогласат независност на или набргу по 10-ти декември, ако тековните разговори завршат со ќор-сокак. Постигнувањето решение ќе биде тешко, рече во четвртокот Рикер. Но, тој рече дека „шансите тројката да најде договорно решение не се еднакви на нула“.

Поврзани написи

Loading

Тој, сепак, изрази загриженост во врска со општите избори во Косово в сабота, поради континуираните повици за бојкот од највисоките белградски претставници.

„Загрижен сум дека врз гласачите од заедницата на косовските Срби се врши прекумерен притисок да не учествуваат на изборите“, рече Рикер. „Дејствата на одредени водачи од косовските Срби и изјавите на официјалните претставници во Белград кои го прават овој притисок се документирани и жестоко осудени.“

Тој рече дека испратил писмо до српскиот премиер Воислав Коштуница на 6-ти октомври, повикувајќи го на соработка во осигурувањето дека сите заедници што живеат во Косово ќе можат слободно да го искористат своето право на глас. „Сé уште не сум добил одговор“, рече тој.

Гласачите треба да ги изберат членовите на косовскиот парламент од 120 места, при што 100 од местата се резервирани за партиите што ги претставуваат етничките Албанци, а десет се за етничките Срби.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар