Висок одѕив на гласачите и различни резултати се очекуваат на косовските избори

15/11/2007

Скоро 60 отсто од регистрираните гласачи се очекува да гласаат на изборите в сабота. Загриженоста за статусот на покраината ги поттикнуваат плановите за брзо формирање нова влада.

Од Артан Мустафа за Southeast European Times во Приштина -- 15/11/07

photo

Кампањата започна минатиот месец, пред изборите в сабота (17-ти ноември). [Лаура Хасани]

Косовските граѓани в сабота (17-ти ноември) ќе се упатат кон гласачките места, за да гласаат на парламентарните и локалните избори. Повеќе од 95 кандидати и политички партии спроведуваат предизборна кампања од 26-ти октомври.

Во вторникот косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, ја пофалија кампањата досега.

Резултатите се очекува да варираат -- ниту една партија не се очекува да освои повеќе од 35 отсто од гласовите на парламентарните избори. Додека процесот на одредување на конечниот статус на покраината влегува до решавачката фаза, потребата за брзо формирање нова влада станува сé посуштинска.

Косовската владејачка коалиција моментно ја сочинува Демократската лига на Косово (ЛДК) -- партијата на покојниот претседател Ибрахим Ругова -- и Сојузот за иднината на Косово (ААК) -- партијата на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кому моментно му се суди во Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства.

Заменик-претседателот на ЛДК, Екрем Криезиу, инсистира на тоа дека партијата ќе добие највеќе гласови. „Ако не добиеме барем 40 отсто од гласовите, јас ќе поднесам оставка“, рече тој. Сепак, според анкетите, мала е веројатноста ЛДК да го повтори сегашниот состав на коалицијата. По смртта на Ругова минатата година, партијата го загуби водството.

Според анкетата на јавното мислење од 6-ти ноември на Индекс Косова, Демократската партија на Косово (ПДК) се очекува да освои 31 отсто од гласовите, додека ЛДК се очекува да добие 29 отсто. Сојузот за ново Косово (АКР) се очекува да биде следен со 16 отсто, ААК со 9 отсто, ЛДД со 8 отсто и ОРА со 5 отсто од гласовите.

Со овие бројки претседателот на ПДК Хашим Тачи -- единствениот политичар што јавно се кандидираше за премиер -- може да ја заземе водечката улога во формирањето на коалиција. Најверојатен исход е Тачи да ги здружи силите со ЛДК -- бидејќи ПДК не се очекува да освои доволно гласови за формирање владејачко раководство со помалите партии.

Тачи рече дека е подготвен да ја води земјата кон независност. „Ќе прогласиме независност набргу по 10-ти декември“, рече Тачи, истакнувајќи дека покраината е поддржана од западните сили.

Повеќе од 1,4 милиони гласачи се регистрирани за гласање на изборите во сабота. Одѕивот се очекува да биде околу 60 отсто -- 7 отсто повеќе од парламентарните избори во 2004 година. Скокот е резултат на загриженоста за конечниот статус.

Поврзани написи

Loading

Гласачките процедури во покраината се сменети -- локалните и парламентарните избори се одржуваат истовремено, и за првпат гласачите може да бираат од отворените листи за партиски кандидати за парламентот и локалните собранија. Во вторникот Мисијата на ОБСЕ во Косово одржа специјален семинар за запознавање на јавноста со гласачите процедури.

Актуелен камен на сопнување се постојаните повици од Србија до косовските Срби за бојкот на изборите. Помеѓу потврдените кандидати, 32 се од српското малцинство.

Портпаролот на Црнтралната изборна комисија, Арианит Османи, рече дека има информации оти Белград им се заканил на српските општини што учествуваат.

Во вторникот радикалното движење Ветевендосја (Самоопределување) ги повика гласачите да ги бојкотираат избори, велејќи дека нивните гласови ќе бидат искористени за зголемување на амбициите на одделни политичари, а не на покраината.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар