Прашањето на името на Македонија и понатаму е камен на сопнување

13/11/2007

Грција и Македонија повторно се под притисок да го решат нивниот спор, сега кога во прашање е доведена кандидатурата за членство во НАТО.

Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје - 13/11/07

photo

(Од лево) посредникот на ОН, Метју Нимиц, македонскиот амбасадор, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски, се состанаа во Скопје. [Toмислав Георгиев]

Во време кога Македонија се надева на покана за влез во НАТО во 2008 година, а Грција се заканува дека ќе го блокира истиот, постојат неодложни причини за решавање на нивниот неколкудецениски спор околу името. Но, претставникот на ОН Метју Нимиц -- кој посредува во преговорите помеѓу двете страни -- сé уште е соочен со задача која наликува на трудот на Сизиф, легендарниот крал кој бил проколнат вечно да го тркала каменот нагоре по ридот.

Двете земји се покажа дека се тешки за договарање, при што Грција е подготвена да го искористи своето право во ЕУ и НАТО, а нејзиниот сосед очекува да добие доволно меѓународно признание за притисок врз Атина.

На крајот од минатата недела македонскиот премиер Никола Груевски категорички ја отфрли идејата за „двојно име“, според која земјата би го задржала своето уставно име, но на меѓународен план би користела друго име.

Секое име поразлично од Република Македонија -- кое е утврдено со уставот -- е неприфатливо, рече Груевски.

Идејата за двојното име е вклучено во новиот збир предлози што ги претстави Нимиц на почетокот од месецов. Премиерот рече дека и покрај тоа што документот содржи одредени добри точки, другите претставуваат проблем за Скопје.

„Постои точка која е дефинитивно неприфатлива за нас, а според која Република Македонија треба да прифати меѓународна употреба на име различно од уставното име на Република Македонија“, Макфакс ја цитираше неговата изјава.

Претходно македонските водачи објавија изјава во која се противат на каква било промена на името, дури и ако тоа значи недобивање влез во НАТО. Владејачката партија ВМРО, нејзиниот партнер, Демократската партија на Албанците, и опозициските социјалдемократи зазедоа единствен став по однос на ова прашање. Анкетите покажаа огромно противење -- скоро 100 отсто -- на евентуалното ново име за меѓународна употреба.

Но, Грција тврди дека името „Македонија“ имплицира територијални претензии кон грчката територија и ја искривува историјата. Според грчкиот весник Катимерини Атина сигнализира дека ќе прифати сложено име -- како Нова Македонија или Горна Македонија -- кое јасно ќе ја одвои земјата од грчката покраина Македонија.

За таа цел, грчките дипломати веќе изнесуваат предлози пред членовите на Советот за безбедност на ОН, НАТО и ЕУ, според Катимерини.

Поврзани написи

Loading

„Грција сака да го реши проблемот -- и прави искрени напори во тој правец“, рече Нимиц во интервјуто за весникот.

Според Денко Малевски, поранешен македонски министер за надворешни работи и амбасадор на ОН, Грција „сака брзо решение, стравувајќи од компликации по признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на Канада“ и другите земји.

Сепак, додава тој, политичката ситуација во Македонија и во Грција го отежнува постигнувањето на решение.

Актуелниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, пак, се надева дека „Грција ќе им даде предност на регионалните приоритети. Решението на спорот со името претставува фактор за нашата стабилност, а нашата стабилност е од полза за Република Грција“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар