Законот не успева да ги одвлече албанските пушачи

12/11/2007

Во теорија, албанскиот закон против пушењето е помеѓу најстрогите во Европа. Но, повеќето Албанци се чувствуваат слободни да го игнорираат.

Од Сами Неза за Southeast European Times во Тирана - 12/11/07

photo

Многумина го игнорираат законот за забрана на пушењето на јавни места. [Архива]

Албанците претежно ја игнорираат забраната за пушење на јавни места поради тоа што не се спроведуваат казните, вели организацијата „Албанија без пушење“.

Законот, кој стапи на сила во мај, забранува пушење во кафулиња, ресторани, владини канцеларии и други јавни места. Во теорија албанскиот закон против пушењето е помеѓу најстрогите во Европа, но активистите велат дека спроведувањето е далеку од соодветно.

„Луѓето се казнуваат парично, но казните не се наплаќаат. Нема еднаквост во спроведувањето на овој закон“, рече Џовани Шити од „Албанија без пушење“. „Некои кафеани го забрануваат пушењето, но други не го забрануваат.“

Еден сопственик на кафуле, кој бара да не биде идентификуван, објасни дека го прифаќа ризикот да биде парично казнет. „Ако го забранам пушењето во моето кафуле, ќе загубам клиенти и мојот бизнис ќе пропадне“, рече тој.

Дури и во луксузните „Кули близначки“ во Тирана -- кој се наоѓа на само неколку метри од премиерската канцеларија -- луѓето отворено пушат. Во кулите се наоѓаат голем број кафулиња и ресторани.

Во изминатите четири месеци, Министерството за здравство провери повеќе од 5.000 места и издаде 1.500 парични казни -- ниту една од нив досега не е наплатена.

Едмонд Стојку, висок претставник на Министерството, вели дека проблемот е лошата координација помеѓу инспекторите за здравство и општинската полиција.

„Можеме да ги казниме прекршителите, но не можеме да ги наплатиме казните“, објасни тој.

Поврзани написи

Loading

Албанија ја има една од највисоките стапки на пушење во Европа. Според националните статистички податоци, 40 отсто од Албанците редовно пушат. Резултатите од анкетата минатата година на студентите по медицина на Универзитетот во Тирана, открија дека до петтата година, 90 отсто се редовни пушачи.

Според податоците на Министерството за здравство, пушењето се зголеми по 1990 година. Пред тоа, не повеќе од 20 отсто од Албанците беа пушачи. Најголем пораст се случи кај младата популација и кај девојчињата.

Новиот закон -- кој, исто така, ги забранува рекламите кои го промовираат пушењето во медиумите -- беше успешен во забраната на рекламите. Тие во голема мера се отстранети од весниците, телевизиските програми и билбордите.

Казните, сепак, се чини дека немаа позначително влијание врз општата јавност во земјата, каде што децата честопати може да се видат како продаваат цигари на улиците.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар